Македонија
ЕУ размислува да воведе санкции за некои македонски политичари

Европската унија (ЕУ) ќе размисли за воведување санкции, како забрана за патување и блокирање на имотот, на македонски политичари кои го попречуваат постигнувањето договор за излез од политичката криза.
Ова го соопшти анонимен висок функционер на ЕУ во Виена за Reuters , кој уште додал дека македонскиот претседател Ѓорге Иванов мора да ја повлече одлуката за аболиција што неодамна ја прогласи за 56 политичари, во обид да прекинат несогласувањата меѓу македонските политичари.„Многу сме загрижени од кратковидоста на сегашната влада. ЕУ ќе размисли за санкции за политичарите кои пречат во решавањето на кризата. Македонија се движи кон меѓународна изолација“, рече високиот функционер на ЕУ. /крај/хн/ст
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
За Марибор тргна и вториот авион, кој носи уште двајца пациенти од пожарот во Кочани

Денеска беа пренесени уште двајца повредени од трагедијата во Кочани на лекување во Марибор, соопшти Амбасадата на Словенија.
„Со тоа Словенија ја исполнува својата заложба за помош и солидарност со погодените.
Северна Македонија побара помош преку механизмот на Унијата за цивилна заштита“, е објавено од страна на Амбасадата на Словенија.
Македонија
Во близина на дискотеката во Кочани имало склад за нафта

Склад за гориво имало во близина на дискотеката „Пулс“ каде што во пожар загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.
Оваа информација денеска ја потврдија и од Обвинителството.
„При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат“, информираа од Обвинителството.
Од таму соопштија и дека до овој момент Основното јавно обвинителство Кочани предложи определување мерка краткотраен притвор за 16 лица. Предлозите се прифатени и мерката е определена за сите 16.
Македонија
Краткотраен притвор за 16 лица во случајот со пожарот во Кочани, соопшти Обвинителството

До овој момент Основното јавно обвинителство Кочани предложи определување мерка краткотраен притвор за 16 лица.
Предлозите се прифатени и мерката е определена за сите 16 лица, соопшти Обвинителството.
Од таму потврдуваат и дека при увидот било констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот.
Сите други околности се испитуваат, нагласија надлежните.