Македонија
Fashion Group: Вистинските работи доаѓаат во вистинскиот момент
Празниците се тие кои секогаш нè охрабруваат да ги споделиме најубавите моменти со оние кои нѝ се најдраги и да нè потсетат на тоа колку семејството е важно во животот.
Не постои поубаво чувство од она на дарување за време на празниците, а се чини најголемиот подарок што може да им го дадете на најблиските е вашето време.

Овие празници, Fashion Group ја истакнува важноста на семејството со акцент на тоа дека вистинските работи доаѓаат во вистинскиот момент, токму како што и треба да биде.
Кампањата на групацијата уште еднаш ја слави убавината што ја наоѓаме во секојдневните нешта, прикажувајќи едно семејство кое ужива во заедничките празнични моменти, подарувајќи си го сето внимание што го заслужуваат.

MANGO
Истата укажува на тоа дека во сите оние мигови кога ќе помислиме дека секојдневието е тешко, да забавиме и да се насочиме на идните денови што доаѓаат кога сето она што сега е премногу, тогаш можеби ќе нѝ недостасува.
„Инспирирани од нашите клиенти и нивното брзо секојдневие на кое секогаш се обидуваме да одговориме, оваа година преку кампањата сакавме да покажеме колку се всушност важни тие семејни заеднички моменти и колку ние секогаш сакаме да излеземе во пресрет. Нашата групација секогаш го нуди најдоброто за потрошувачите, па повеќе од драго нѝ е што можеме дополнително да ги разубавиме овие празници, со тоа што ќе понудиме најквалитетни парчиња совршени за дарување во оваа сезона“, велат од Fashion Group.
Оттаму додаваат дека се и повеќе од среќни што на ваков начин можат да бидат дел од празничните моменти на потрошувачите, заблагодарувајќи им се за уште една успешна година.

MANGO
Миговите поминати со семејството се дефинитивно нешто на што треба повеќе да се насочиме во новата година, а новогодишната реклама на групацијата на неодолив начин нè потсетува на тоа. Подеднакво важно е и тоа да им оставиме простор на работите што треба да се случат, сами да си го најдат патот, без притоа да форсираме на било каков начин.
Новогодишната реклама на компанијата беше промовирана на интересен начин преку забавен настан во продавницата на Mango во East Gate Mall, на кој свој музички печат остави прекрасната Елена Петреска, а беа присутни голем број соработници и клиенти на групацијата.
Во надеж за уште една успешна година, групацијата на совршен начин им ги честита празниците на своите клиенти со уште една шармантна и емотивна реклама.
Организација и реализација: Fashion Group
Видео: Ѓорѓи Вацев
Локација: Лимак Хотел
Шминка: Милена Косиќ
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пролетен неделен ден во зима со температури до 16 степени
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 16 Целзиусови степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, исто така се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура се очекува да се спушти до 0, а максималната да достигне до 15 Целзиусови степени.
Според синоптичарите, до среда ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Утрата ќе бидат постудени со појава на слаба магла по одделни котлини. Во четврток и петок ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

