Македонија
Фетаи: Правдата ќе го стигне секој оној кој се огрешил кон законот
Правдата ќе го стигне секој оној кој се огрешил кон законот, порача на прес-конференцијата во четвртокот обвинителката од Специјалното обвинителство, Фатиме Фетаи, обраќајќи им се на сите оние кои наводно упатувале закани кон припадниците на ова обвинителство за, како што рече, да се спасат од правдата.
„Сакам да упатам една порака од името на целиот тим на ова Јавно обвинителство. Пораката е до сите оние кои нечесно ја подриваат работата на обвинителството и кои на различни начини се закануваат на припадниците на Специјалното јавно обвинителство, кон нивните семејства и пријатели. Всушност, тоа се лица на кои правдата не им е од интерес и кои на нечесен и кукавички начин се обидуваат да се спасат од неа. Им порачуваме, правдата ќе го стигне секој оној кој се огрешил пред законот. Тоа е наша цврста верба и определба. Ве уверувам дека пред ова Обвинителство, како и пред законите, сите граѓани на Република Македонија се еднакви. Формирани со таа цел ви ветуваме дека несебично ќе се бориме за правда, нештедејќи се самите себе, заради тоа што цврсто веруваме дека правдата е врвен интерес на Македонија, а не неказнивоста“, изјави Фетаи на почетокот на своето обраќање пред да го презентира новиот случај „ТНТ“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство.Обвинителката Ленче Ристовска, одговарајќи на новинарски прашања не прецизираше за какви закани и кој им се заканува на специјалните јавни обвинители и порача дека обвинителите ќе продолжат да работат независно од сите притисоци.Сепак, со одлуката за аболиција што ја донесе Претседателот Ѓорге Иванов, со којашто се помилувани 56 лица, политичари, а кои се дел од истрагите на Специјалното јавно обвинителство, токму за оние кои се нарачатели во случаите на Специјалното јавно обвинителство, за нив нема да се бараат мерки за обезбедување поради правните пречки што ги предизвика аболицијата на Иванов. Според Специјалното јавно обвинителство во случајот „ТНТ“, нарачатели на рушењето на станбено-деловниот објект „Космос“ на Фијат Цаноски се поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Мотивот за уривањето на објектот бил „одмазнички“, односно причина било тоа што Цаноски, лидер на ПЕИ, ја напуштил владината коалиција и преминал во коалиција со опозициската СДСМ, тврдеа во четвртокот обвинителките од СЈО.Како што толкуваше Фетаи, наводно Груевски и Јанакиески, кои се помилувани со одлуката на Иванов му наложиле на градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, кој исто така е аболициран, да го урне објектот на Цаноски. Првоосомничена во овој случај е градежниот инспектор на Општина Гази Баба која почнала постапка за уривање. Направила мерење на височина на објектот, кое покажало дека градбата била повисока за 1,43 см, но без да биде направен заштитен тротоар на градбата. Според Фетаи, вештачењето од архитектонскиот факултет, во предистражната постапка, покажало дека таа постапила незаконски.Сепак, на 1 септември 2011 година пристапила кон рушење иако, од фирмата која градела и доставиле стручно мислење на градежната инспекторка, од архитектонскиот факултет, дека е незаконски, но таа продолжила.„Уривањето не одело како што замислиле нарачателите, па се пристапило кон уривање со експлозив, без јавна набавка, што е платен 2.999.560 денари“, рече Фетаи. За толку пари, според Фетаи, била оштетана Општината Гази Баба.Наместо општината застапувана од градоначалникот, да се обрати за уривање на фирмата „Трансмед“, која имала договор со нив за такви дејствија, тие преговарале со „Бекатон трејд“, сопственот на починатиот Ф.И., „Интеринженеринг“, сопственост на сведокот М.В. и „3М изградба“, сопственост на ќерката на сведокот, да се изврши уривање и да достават понуди до 3 милиони денари, без оглас.На прес-конференцијата беа прикажани смс пораки кои биле испраќани меѓу Јанакиески и починатиот Ф.И. кој за услугата од Јанакиески бара „витамини“, за неговиот бизнис кој според него бил во „клиничка смрт“. Тој во пораките му вели на Јанакиески дека ќе го направи рушењето за партијата, но го прашува што ќе му следува него за направената услуга.Фирмата немала лиценца за уривање со експлозив, а јавната набавка била спроведена незаконски. Во случајот осомничени се и тројцата членови на Комисијата за спроведување на јавни набавки, а Специјалното јавно обвинителство ќе предложи мерки за обезбедување до Кривичниот суд за сите осомничени.
„Иако во овој случај за извршување на криминалните активности за кои постои основано сомнение дека се извршени, наредба и поддршка имало од тогашното највисоко раководство на државата и навидум се било покриено формално – правно и документанциски, со ова само уште еднаш се докажува дека не постои совршен злостор“, рече Фетаи.Специјалните обвинители се уште немаат одговор на писмата и прашањата коишто му ги испратија на претседателот Ѓорге Иванов по неговата одлука за аболиција. /крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) „Општината молчи додека ‘Зимзоленд’ незаконски работи“, велат од партијата Левица
„Недозволиво и крајно алармантно е што општинските власти и понатаму молчат, иако е утврдено дека објектот „Зимзоленд“ работи без соодветна дозвола. И покрај ова, објектот сè уште е отворен и секојдневно посетуван од деца и семејства, без никаква реакција од општинските власти“, велат од партијата Левица.
„Фактот што станува збор за објект наменет за најмладите ја прави состојбата уште посериозна. Наместо итна интервенција и постапување согласно законските обврски, општината избира молк и неактивност, со што директно се доведува во прашање безбедноста на граѓаните, особено на децата.
Законот мора да важи еднакво за сите, без исклучоци и привилегии. Секое одложување на постапката претставува преземање на ризик и префрлање на одговорноста, која во случај на несреќа нема да може да се избегне.
Бараме итна интервенција од надлежните служби и затворање на објектот сè додека не се обезбедат сите потребни дозволи и безбедносни услови. Молкот на општината во вакви случаи ја прави истата соучесник во криминалот“, се додава во соопштението на партијата Левица.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

