Македонија
Финансиската полиција апелира да не се политизира проверката на документацијата во Струмица
Управата за финансиска полиција започнала со обезбедување на целокупната документација за јавните набавки во општина Струмица по допрен глас , соопштуваат од Финансиската полиција и апелираат случајот да не се политизира.
Предмет на предистражната постапка се и повеќе правни субјекти кои имаат добиено тендери и имаат склучени договори со Општина Струмица, со цел да се утврди нивната евентуална инволвираност во местење на тендери и испумпување на буџетските пари на општината.„Како орган кој согласно закон е задолжен да се бори за заштита на финансиските интереси на Република Македонија и нејзините граѓани, апелираме конкретниот случај со општина Струмица како и многу други случаеви за кои Финансиската полиција води предистражна постапка, воопшто да не се политизираат и да се остави време и простор на истражните органи да си ја завршат својата работа за која впрочем земаат и плата. Во интерес на целосно почитување на начелото на презумпција на невиност како и поради фактот што предистражната постапка е тајна, Финансиската полиција ќе се воздржи од било какви коментари или изјави во врска со постапките се до нивно конечно завршување“, се вели во соопштението од полицијата. Од таму ги негираат информациите што се појавија во јавноста дека се одзема оригинална документација без судски налог.Од Општината во вторник соопштија дека биле обезбедени и предочени на увид сите неопходни документи. „Сите досегашни инспекциски контроли во Општина Струмица во изминатите години го покажаа законското работење на општината и градоначалникот“, се вели во соопштението.Инспекцијата следува по прес-конференциите на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев на кои обвини дека општината плаќала многу поскап превоз за ученици./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

