Македонија
Генералниот секретар на Интернационалата за образование го поздрави договорот меѓу СОНК и МОН

Генералниот секретар на Интернационалата за образование Фред ван Лејвен го поздрави постигнатиот договор меѓу Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука(МОН).
„Ги поддржуваме нивните напори за подобрување на квалитетот на образовабнието, кое е алатка за економски и демократски развој на државата и цврсто веруваме дека Македонија е на добар пат за квалитетно образование. Мора да му се даде доволно простор на СОНК да предложи како тоа да се постигне. Задоволни сме што основите се поставени, изјави Ван Лејвен по средбата во вторник во МОН со министерот и заменик-министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и Спиро Ристовски, како и со претседателот на СОНК Јаким Неделков.
Говорејќи за незадоволството кај дел од наставниците во врска со екстерното тестирање, Ван Лејвен рече дека овој проект е напреднат и не е како во почетокот, при тоа додавајќи дека наставниците повеќе не се казнуваат.
Министерот Адеми рече дека екстерното е дел од законите за основно и за средно образование и ќе продолжи да се спроведува.
„Меѓу нештата за кои се договоривме со СОНК е и согласноста дека екстерно тестирање треба да постои, но дека треба заеднички да го унапредиме. Екстерното може да го усовршуваме, но не може да биде пилот-проект зашто веќе го спроведуваме неколку години“, рече Адеми. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Улици во Чаир без вода, намален притисок во Топанско Поле

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради поврзување на нова со стара постоечка водоводна мрежа на улица Кемал Сејфула бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Џон Кенеди и дел од улицата Кемал Сејфула, а со намален притисок ќе остане населбата Топанско Поле во општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Делови од Ѓорче Петров и Чучер Сандево денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 13:00 часот, објектите на Полициската Станица и базата на БППЗ во Ѓорче Петров, општина Ѓорче Петров;
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од нас. Кисела Јабука, општина Ѓорче Петров;
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од селата: Побожје, Бродец, Танушевци, Брест и Малино, општина Чучер Сандево;
· од 11:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Кадињача, општина Ѓорче Петров.