Македонија
Германска ТВ: Мигрантите може да ја сменат рутата, преку Албанија, Црна Гора и БиХ
Германската NTV објави скица на „нова рута“ по која би можеле бегалците да бараат спас во Европа.
Според германската телевизија, мигрантите би можеле да го променат патот и да се движат од Грција кон Албанија, преку Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска кон Западна Европа, јавува црногорскиот портал CDM.Албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати пред три дена соопшти дека оваа земја нема да гради ѕидови во случај бегалците и мигрантите да почнат да ја користат оваа земја за транзит кон земјите од ЕУ.Претходно албанскиот премиер, Еди Рама изјави дека Албанија нема да биде нова руа за бегалците на патот кон Европа поради тоа што нема ни услови, ни сила, ни ентузијазам да го спасува светот додека другите ги затвораат своите граници. Премиерот на црна Гора, Мило Ѓукановиќ изјави дека црна Гора мора да ги затвори своите граници за мигранти доколку тоа го напарават членките на ЕУ. „Црна Гора ќе мора да ги затвори своите граници доколку Македонија ја затвори границата со Грција, а гранични рестрикции воведат и Унгарија и Австрија“, изјави Ѓукановиќ.Според последните информации од Министерството за внатрешни работи, состојбата на македонско-грчката граница и мира и се пропуштаат мигранти кои имаат целосна документација и онолку колку што можат да примат земјите од Европската унија. Во вторникот македонските власти издале потврди на вкупно 30 странски државјани, од кои 11 од машки и седум од женски пол, како и на 12 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азилМедиумите јавуваат дека на Идомени, македонско-грчката граница зголемен е бројот на мигранти и има околу 10.000 кои чекаат да влезат во Македонија./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник
Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори не беше постигната потребната излезност.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Согласно Изборниот законик, за избор на градоначалник потребно е еден од кандидатите да добие мнозинство од гласовите на излезените гласачи.
Вчера гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.
Државната изборна комисија во текот на денот ќе информира за текот на гласањето и излезноста, а првичните резултати се очекуваат по доставувањето од општинските изборни комисии.
Македонија
Променливо облачно и студено време со повремен снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремени локални врнежи од снег во претпладневните часови. Попладне се очекува врнежите постепено да престанат.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од минус пет до два степена, додека дневните ќе достигнат од минус еден до пет степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус еден степен, а максималната ќе достигне околу три степени.
Според најавите од УХМР, од почетокот на следната седмица се очекува стабилизирање на времето. Под влијание на поле на висок воздушен притисок, ќе преовладува суво и студено време, а на одделни места утринските температури ќе се спуштат и под минус десет степени.
Македонија
ДИК: До 19:00 часот гласаа 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа
Државната изборна комисија информира дека до 19:00 часот денеска од вкупно 94 пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи, гласале 45 лица. Од вкупно пријавените 248 болни или немоќни лица за гласање во четирите општини, Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа до 19:00 часот правото на глас го оствариле вкупно 242 лица. Две лица гласале во Центар Жупа, 66 болни или немоќни гласале во Маврово – Ростуше, 31 лице во Врапчиште и 143 лица во Гостивар.
Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности, велат од ДИК.
ДИК известува дека резултатите од гласањето на болните, немоќните и лицата кои се на издржување казна затвор, не се објавуваат денеска посебно.
„Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвораат денеска. Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре по 19:00 часот, за секое избирачко место и секоја општина каде што се гласа“, стои во соопштението на Државната изборна комисија.

