Македонија
Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето побара од Иванов да го потпише указот
Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование, во писмо упатено до македонскиот претседател Ѓорге Иванов, во среда побара од Иванов да го потпише указот на пакетот реформски закони во образованието.
„Во името на Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование, бараме да го потпишете указот на пакетот реформски закони, за кој цврсто сме убедени дека ќе придонесе кон зголемување на севкупниот квалитет на образованието на сите нивоа и ќе обезбеди бројни бенефиции за учениците, наставниците, студентите, професорите и научно истражувачките работници. А тоа подразбира продолжување на патот кон градењето на општество базирано на знаење, како основа за понатамошниот раст и развој на Република Македонија“, се вели во писмото.
Според нив, новите образовни реформи кои се однесуваат на високото образование не се никаков “упад“ во автономијата на универзитетите.
„Сите ние доаѓаме од таму, од високо образовните установи и тоа најдобро го знаеме. Конечно, би сакале и да потсетиме дека автономијата на универзитетот секогаш била и мора да остане тесно поврзана со начелото на јавната одговорност на универзитетите во однос на заштитата и развојот на општеството и на државата“, се вели во писмото. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

