Македонија
Груевски даде исказ пред судот
Премиерот Никола Груевски во вторник даде исказ на рочиштето од судскиот процес по тужбата за клевета и навреда што Груевски ја поднесе против претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
„Тешко е да се опише чувството и загриженоста дека некој верува во изнесените навреди и клевети. Разбирам политичка критика, но ова е сосема друго“, рече Груевски на судењето во Основниот суд Скопје 2.
Невистините и клеветите, додаде, дека јас сум татко на криминалот, дека сум зел 1,5 милиони евра кеш, дека сум ја оштетил државата поради неплатен данок и дека сум креатор на криминална мрежа, сè што е наведено во тужбата е една осмислена кампања за конкретна цел во конкретен момент – да ми се наруши угледот и честа.
Премиерот рече дека доживеал тешка душевна болка и вознемиреност по објавувањето на аудио снимката и обвинувањата изнесени од страна на тужениот.
Денеска во судот е присутен и Заев кој исто така треба да даде исказ.
Груевски поднесе тужба за клевета и навреда против Заев откако лидерот на СДСМ објави аудио снимка во која, како што тврди, премиерот договара продажба на Македонска Банка за што зел поткуп од 1,5 милиони евра.Груевски побара отштета од половина милион евра.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

