Македонија
Груевски: Политичката криза влијаеше на економијата
Политичката криза во изминатите месеци имаше свое влијание врз економијата, изјави во петокпремиерот Никола Груевски, одговарајќи на прашање на пратеникот Влатко Ѓорчев.
„Некои од инвеститорите ги одложија своите одлуки па дури откако завршија одредени делови, некаде во јуни – јули, околу разговорите за надминување на кризата дури тогаш почнаа да ме информираат дека донеле одлуки за инвестирање во Македонија. Некои од нив се уште ги немаат донесено и работиме со нив, но некои веќе ги донесоа и ги објавија одлуките во јуни и во јули. Но, тоа можеше да биде во март, во февруари и ќе беше но поради состојбите одлучија да почекаат да видат што ќе се случи“, рече Груевски.Премиерот додаде дека безмалку сите роудшоуа во првата половина од годината ги одложиле, од причини што морало да бидате фокусирани на домашната креирана криза од страна на опозицијата за таа да биде надмината.Само едно или две претставувања на бизнис потенцијалите на Македонија, според премиерот, се одржале од почетокот на годината. Министрите задолжени за инвестиции одржувале состаноци и презентации, но и тие, како што рече премиерот, биле во една непријатност бидејќи секаде прво требало да ги објаснуваат домашните кризни состојби, а потоа да прејдат на економскиот дел и на предностите што Македонија ги нуди за странските инвеститори. И покрај кризата, американската компанија „Леар“, рече Груевски, веќе објави дека во полошкиот регион, најпрвин со браунфилд инвестиција во Гостивар, а потоа и со гринфилд инвестиција во Тетово ќе вработи до 3.000 луѓеСекако, тукаа се, рече премиерот и „Кондело“ од Италија, ОДВ Електрик во зоната на Струга – Охрид, новиот капацитет на леарницата во Пробиштип…Најави дека се договара со уште неколку значајни компании, кои очекува во наредните неколку месеци да ги објават своите одлуки. „Некои од нив веќе градат. Тие не се само одлична можност за вработување туку и одлична можност за соработка на домашните компании со нив кои би можеле да станат нивни добавувачи“, рече Груевски. За таа цел е организиран голем состанок помеѓу претставниците на странските компании и домашните кои имаат потенцијал да станат нивни партнери, а веќе од оваа есен е планиран проект за правење дополнителни напори за поврзување на странските со домашните компании. Груевски смета дека домашните компании би можеле да произведуваат одредени делови кои тие ги купуваат од надвор од компании од други држави.Прашања постави пратеничката од ДОМ, на која писмено ќе и биде одговорено. Првото прашање беше за законот за зеленило, а второто се однесуваше на влијанието врз здравјето на луѓето во Пробиштип и околината од страна на новата топилница. „Секоја тешка индустрија е загадувачка, не може да биде зелена. Нема зелена технологија за малку пари“, рече Поповска, која смета дека на Македонија воопшто не и треба тешка индустрија./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект
Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во продолжение на процесот започнат за спојување на ВЛЕН во еден субјект, објави на социјалните мрежи лидерот на движењето Беса, Билал Касами.
„Собранието на Движењето оцени дека треба да се отвори патот за структурирање на ВЛЕН и ја донесе оваа одлука врз основа на мораториумот за партиски активности од страна на субјектите што го сочинуваат ВЛЕН.
Во оваа прилика, Собранието ме овласти мене како претседател да продолжам со разговорите за иднината на ВЛЕН, давајќи поддршка на спојувањето во еден субјект, со решение што го почитува принципот на правда и го слуша гласот и волјата на гласачите на ВЛЕН и сите Албанци“, соопшти Касами.
На состанокот на Собранието, како што вели, била дискутирана и работата на функционерите на Движењето Беса во Владата.
„Членовите на собранието ја поддржаа мојата изјава дека Беса има капацитет за многу повеќе работа отколку што е сработено досега.
Анализата на работата на функсионерите ќе продолжи во наредните денови, додека наодите ќе бидат одразени во идната реконструкција на Владата.
Движењето Беса верува дека позициите во Владата се средство за наша најдобра и најефикасна служба на сите граѓани, а особено на Албанците, и сите идни одлуки ќе бидат засновани на овој принцип“, додава Касами.
Македонија
Од утре Мицкоски во Минхен на безбедносната конференција: во фокусот, геополитичката стабилност и улогата на Македонија како столб на стабилност во Западен Балкан
Oд утре (петок) премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во неколкудневна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
Во рамки на конференцијата, Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со европски лидери, високи претставници како и челни луѓе на меѓународните безбедносни организации.
Во фокусот на разговорите ќе бидат геополитичката стабилност на регионот, нагласувајќи ја улогата на Македонија како столб на стабилноста во Западен Балкан и активен придонесувач во НАТО алијансата.
Исто така премиерот Мицкоски на средбите и состаноците ќе ја реафирмира позицијата на државата за неопходноста од предвидлив и фер пат кон полноправно членство во ЕУ, без наметнати билатерални пречки.
На маргините на конференцијата, предвидени се средби со високи претставници на Европската Унија како и со шефови на влади и држави.
Македонија
Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и кој и колку профитирал, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и кланот Заеви, Македонија ја претворија во Балкански „нарко-центар“, каде наместо медицинска се произведувала марихуана за црниот пазар. Запленетите 40 тони марихуана, директно водат до фирми блиски до Заев и Филипче.
Венко Филипче е без кредибилитет. Нема афера и скандал, а тој и Заев да не се вплеткани. Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција, импровизации, нетранспарентни одлуки и контроверзи. Филипче е човекот кој го уништи здравствениот систем во државата“.
Македонија во време на владеењето на СДС, додаваат од владејачката партија, Зоран Заев и Венко Филипче, наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар.
Според нив, факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 година, додека Филипче беше министер за здравство.
„Владата на СДС делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа, денес се тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата.
Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев.
Медицинската марухуана била параван за организиран криминал во огромни размери“.
Прашуваат, зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија?
„Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале?
Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?
Одговорност мора да има“.

