Македонија
Хонорарците на протест: Лебот ни го земавте!
Повлекување на законот со кој се воведува плаќање на придонеси и за хонорарите, побараа учесниците на протестот што се одржа во петок попладне против т.н. Закон за хонорари.
Тие бараат и Инспекторатот за труд да врши засилени контроли и на тој начин да се отстранат случаите на прикриен работен однос, односно на работење без договор или врз основа на договор за дело, како и тоа да нема горна граница на приходи над кои не се плаќаат придонеси, односно тие со највисоките приходи да не бидат ослободени.Протестот започна во паркот Жена Борец спроти Собранието, потоа продолжи пред Министерството за труд, па пред Влада, а предвидено е да заврши на слободната студентска зона во УКИМ, каде ќе им се даде поддршка на студентите.На протестот можат да се забележат новинари, актери, сликари, музичари, луѓе од невладиниот сектор, граѓански активисти, но и луѓе кои дошле само да им дадат поддршка на оние кои протестираат. Тие извикуваат дека сакаат социјална правда, а во рацете носат транспаренти на кои пишува: „Не се работи за проценти, за судбини се работи“, „Лоши одлуки носат лоши луѓе“, „Лебот ни го земавте“, „Не сте свесни и ние сме бесни! Поздрав Пленумци“, „Си играте со човечки судбини“, „Измените се анестезија, придонесите – ампутација“, „Измените на наш грб, а во ваша корист“….Ова е втор протест на незадоволните хонорарци по првиот кој се одржа на 22 декември, пред да стапи законот на сила. Викендов владејачката ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог измени на овој закон, но хонорарците бараат негово целосно повлекување./крај/рсе
Извор: Извор: Радио Слободна Европа Фото: Нова
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

