Македонија
И претседателот на Советот на обвинители против формирање Специјален суд
И претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, исто како и претседателот на Советот на судскиот совет, Бранко Ушковски, е против формирање Специјален суд во Македонија. Тој има целосна доверба во судството.
„Нема потреба од формирање Специјален суд, тоа ќе биде спротивно на Уставот и Законот за судовите“, рече Аневски.Тој конкретно не ја коментираше одлуката на Кривичниот суд кој ги одби барањата за притвор за осомничените во случајот „Титаник“, но рече дека Судот одлучува законски.„Мислам дека судот одлучува законски, не сум запознаен со деталите на нивните предлози, но имам целосна доверба во судството“, додаде Аневски. Обвинителките за кои Советот одлучи дека Специјалното јавно обвинителство ги отпуштило незаконски, најверојатно ќе бидат вратени во обвинителствата од каде што дошле.Како и претходно, Аневски на свечената церемонија на доделувањето на уверенијата на петтата генерација кандидати за судии и јавни обвинители во Академијата за судии и јавни обвинители, се пожали дека Обвинителството се соочува со недостиг од кадар.Според него, недостигаат 60 јавни обвинители во републичкото, вишите и основните јавни обвинителства. Советот подоцна во среда има седница на која расправа за објавување на огласи за пополнување на испразнетите места на јавни обвинители. Од вкупно 13 завршени кандидати на Академијата за судии и јавни обвинители, осум завршиле за обвинители и според Аневски, тие веднаш ќе бидат распределени во обвинителствата каде недостига кадар. Поради недостигот од кадар во судовите и обвинителствата во декември беше направена измена на Законот за академија на судии и јавни обвинители и една година на овие места ќе се примаат и стручни соработници од судската, обвинителската и адвокатската професија, за да се пополнат испразнетите места. за следната генерација на Академијата се пријавиле 64 кандидати од кои 30 ќе бидат селектирани.Кандидатката со најдобар просек на Академијата, Вероника Станоевска смета дека Академијата ги подготвува своите кадри за притисоците коишто ги очекуваат. „Поминавме долг пат, вложивме голем труд, очекувам нашите дејствија и одлуки да зборуваат погласно“, изјави Станоевска./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

