Македонија
И стручните соработници во Основниот суд Скопје 1 укажуваат на работењето на претседателот Панчевски
По реакцијата на 15-ина судии на однесувањето на претседателот на Основниот суд Скопје 1-Скопје, Владимир Панчевски, со реакција се јавија и стручните соработници кои работат во кривичниот суд.
Имено, десетина стручни соработници ставиле потпис на допистот којшто во форма на укажување го испратиле до Панчевски.
„Имајќи предвид дека голем број судски службеници, вклучително и ние потпишаните, без соодветна одлука, а дел и со Ваша одлука, сме распореден на работни места и задачи со кои сме задолжени согласно решенијата за систематизација на работни места во судот и не се соодветни на професионалните квалификации и работните компетенции. Ви укажуваме дека е потребно да извршите ревидирање на Вашите усни наредби и одлуки и ревидирање на писмените одлуки“, се вели во дел од рекацијата на стручните соработици.
Незадоволните стручни соработници бараат Владимир Панчевски да ја повлече казната за еден судски работник, кој е казнет за неизвршување на работните задачи. Тие му укажуваат на Панчевски дека вработениот постпувал по измислена норма од 400 предмети./крај/мф/љс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Полог и Кочанска, општина Кисела Вода;
– од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од населените места и објектите од село Алдинци кон Солунска Глава, општина Студеничани;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Македонско Косовска Бригада, општина Шуто Оризари;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од објектите во околината на зграда бр. 17 на бул. Партизански Одреди, општина Центар;
– од 09:30 до 13:00 часот, корисниците од ул. 6 во село Бардовци, општина Карпош.
Македонија
Непречен сообраќај по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Времето денес облачно со повремени врнежи од дожд и засилен ветер
Времето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец (над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд, локално пороен. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Од недела до вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во понеделник наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 70 km/h).

