Македонија
Интегрално – Договорот меѓу четирите политички партии од 20-ти јули 2016 година
Претставниците на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА на новата рунда преговори во средата постигнаа договор. Во продолжeние е интегралниот текст од договорот објавен од Канцеларијата на ЕУ во Скопје.
На 20-ти јули четирите политички партии се договорија:
Избирачки список
Четирите политички партии се согласија да се справат со проблемите со избирачкиот список за овие избори, на следниот начин:
1. Законот за избори ќе биде сменет до 22 јули за да го отслика договорот за избирачкиот список.
2. Во согласност со анексот А, подготвен од ДИК и кој се однесува на вкрстената проверка на избирачкиот список, 171.500 лица ќе бидат ставени на додатнот дел од избирачкиот список и нивното право на глас нема да биде загрозено.
3. Во согласност со анексот Б, подготвен од ДИК и кој се однесува на вкрстената проверка на избирачкиот список, имињата на 39.502 лица ќе бидат објавени од страна на ДИК во рок од три дена по изгласувањето на амандманите на Законот за избори.
а. Податоците ќе бидат објавени и засегнатите лица ќе можат во рок од 25 дена да добијат од ДИК потврда дали остануваат на избирачкиот список.
б. Сите лица вклучени во анексот Б можат верификацијата да ја иницираат по електронски пат, во согласност со членовите 48 – 51 од Законот за избори или лично во локалните канцеларии на ДИК.
в. Три или повеќе члена на ДИК може да побараат додатни проверки за кое и да е име. Во таков случај, членовите на ДИК кои побарале дополнителни проверки можат да побараат од тие лица да се појават лично ако престојуваат во земјата, или преку видео-конференција ако престојуваат во странство. Овие додатни проверки ќе траат десет дена по истекот на предвидените 25 дена.
г. Неверифицираните лица нема да бидат вклучени во избирачкиот список. Оние кои не се вклучени ќе имаат дополнителна можност да се регистрираат во ДИК во текот на периодот за јавна проверка пред изборите.
Медиуми
1. Законот за АВМУ и Законот за избори ќе бидат променети во рок од 15 дена од денот на овој догговор.
2. ААВУ ќе основа ад-хок тело за надзор на придржувањето кон медиумските одредби од Законот за избори. Ова ад-хок тело ќе функционира до крајот на изборниот процес. Ова ад-хок тело ќе биде основано во рок од 30 дена по денот на кој е постигнат овој договор.
а. Ад-хок телото ќе биде составено од пет члена. Во консултација со релевантните професионални асоцијации, четирите политички поартии ќе изберат четири члена на ад-хок телото, од кои најмалку еден ќе мора да биде етнички Албанец. Овие четворица со консензус ќе го одберат петтиот член во рок од 15 дена.
б. Почнувајќи 100 дена пред изборите, Советот на ААВУ ќе ги почне да ги следи препораките на новооснованиот оддел и ќе ги започне процедурите во однос на медиумите како што предвидува законодавството. Ад-хок телото ќе го оценува балансираното известување на медиумите во период не помал од една недела.
в. Сите казни за медиумите во согласност со законот за ААВУ и Изборниот закон кои се однесуваат на медиумите ќе бидат намалени за 50 отсто.
г. Првото прекршување ќе повлече предупредување. Натамошните прекршоци ќе повлечат намалени казни.
д. Ниту еден новинар или медиум нема да бидат казнети за изразување на мислење. Изразувањето на мислење треба да биде одвоено од известувањето информации.
ѓ. Ниту една медиумска организација не смее да биде затворена врз основа на одлуки донесени во согласност со погоре наведената процедура.
3. Четирите политички партии се обврзуваат да донесат амандмани на Законот за медиуми во согласност со Приоритетите за итни реформи и Извештајот на Прибе во рок од шест месеци по изборите.
4. Во консултација со останатите партии, најголемата опозициска партија ќе номинира Главен уредник (Информативна програма) на Јавниот Радиодифузер (МРТВ) од редовите на експертите во тоа поле. Земено предвид дека партиите ќе потврдат дека постојат услови за избори, новиот Главен уредник ќе почне да ја врши својата должност 100 дена пред изборите.
5. Законски измени ќе бидат спроведени за да овозможат канал на албански јазик 24/7.
Оцена на напредокот
До 31 август, лидерите на четирите политички партии ќе оценат дали горенаведените чекори се комплетирани, со што и условите за одржување избори се исполнети. Лидерите ќе го потврдат и ова и датумот на избори со свој потпис.
Влада пред изборите и датум на избори
Ако изборите се одржат во 2016 година, новата влада, според Договорот од Пржино, ќе биде изгласана од парламентот 100 дена пред договорениот ден за избори.
а. Примената на Законот за внатрешни работи ќе биде суспендирана до јануари 2017 година, а законот ќе го ограничи бројот на управни именувања во Министерството за внатрешни работи на 15. Сите именувања на истражители на обвинителството дадени на имателите на управните позиции во Министерството за внатрешни работи ќе бидат поништени, а нови нема да бидат издадени до крајот на изборниот процес.
б. Владата автоматски ќе ги одобри именувањата на Министер за внатрешни работи и хоризонталните трансфери на вработените иницирани од Министерот за внатрешни работи ако се најмногу 10 отсто од просечниот број на хоризонтални трансфери во годините 2013 и 2014.
в. Законот за влада ќе биде изменет за да овозможи мандатот на сите министри и додатни заменици-министри назначени според Договорот од Пржино да завршат на денот кога ДИК ќе ги потврди официјалните резултати од изборите.
г. Заменици-министрите во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика ќе ги преземат функциите на министри се до формирањето на новата влада.
Други прашања:
Специјалниот обвинител ќе биде поддржан
а. Во случај Уставниот суд да донесе одлука дека законите за СО или деллови од нив не се уставни, четирите партии се обврзуваат да го прилагодат законодавството со одлуката на Судот и повторно да го основаат СО според одлуката во рок од пет дена. Ефективноста, досегот и целите на СО ќе бидат задржани.
б. Четирите партии го повикуваат Уставниот суд да донесе одлука колку што е можно поскоро, на следната можна сесија.
РеформиИнклузивноста на процесот на реформи и нивна имплементација ќе биде раководена од работна група во парламентот, вклучувајќи го граѓанското општество и експерти.
а. Приоритизирано изгласување на Приоритетите за итни реформи и Препораките на Прибе.
б. Амандмани на законот за свиркачи во согласност со Венецијанската комисија во рок од шест месеци.
в. Охридскиот рамковен договор.
г. Евро-атлантски интеграции./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.
Македонија
Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името, велат од СДСМ
Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски, истакнуваат од СДСМ.
„161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.
51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.
Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.
Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.
Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.
Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски“.
Ова, додаваат од СДСМ, не е само непотизам и партизација, ова е ОКГ – Организирана криминална група.
„ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.
Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски“.
Македонија
Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава
Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови „Lidl“ и „Kaufland“, објави на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски кој од денеска е во Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
„Разговаравме за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.
Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири.
Продолжуваме да разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава“, пишува Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.

