Македонија
Истрагите на СЈО „Топлик“ и „Тендери“, за Музејот на ВМРО и за Сончев град
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) покрена две истраги наречени „Топлик“ и „Тендери“, а кои се однесуваат за злоупотреба на службена должност на високи раководни лица во министерствата за култура и за транспорт и врски, со што на Буџетот на Македонија му е нанесена штета од 2.000.000 евра од двата случаи.
Случаите „Топлик“ и „Тендери“ се однесуваат на продажбата на градежно земјиште наменето за изградба на елитна населба наречена „Сончев град“, на падините на планината Водно, во близина на Скопје, и за изведување на градежни работи на Музејот за македонска борба и државност, од страна на градежното претпријатие „Бетон“, кое било фаворизирано.Инволвираните сториле кривични дела со што грубо ги повредиле јавните набавки и го оштетиле Буџетот на Мекдонија, рече јавната обвинителка Фатиме Фетаи, која ги изнесе двата нови случаи, во отсуство на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која се наоѓа во просториите на Управата за безбедност и контраразузнавање од синоќа, од каде се обидува да обезбеди докази за прислушувањето.Првиот случај „Топлик“, кој се однесува за период од 2007 до 2013 година, во кој првоосомничен е високо раководно лице од Министерството за транспорт и врски и пет лица членови на комисијата од ова Министерство за спроведување јавни набавки.Комисијата при ова министерство заедно со првоосомничениот успеале да го оштетат Буџетот за 64.206.839 денари или милион и 44 илјади евра.Откако Комисијата за спроведување јавни наддавања го информирала првоосомничениот дека не се исполнети условите за јавно наддавање за продажба на земјиште за изградба на Сончев град, истиот составил нова комисија за со нив ја реализира продажбата на земјиштето, појасни Фетаи.Комисијата, по само еден ден од нивното формирање, иако знаеле дека не се исполнети условите за јавно наддавање пуштиле оглас за јавно наддавање до весниците „Дневник“, „Вечер“, „Вест“, „Financial times“. Јавното наддавање е спроведено на 14.05.2007 година. Веднаш потоа првоосомничениот иако бил свесен дека министерстово не може да ги исполни договорените работи склучил договор со „Сан сити“ ДОО .Овој договор на 20-ти јуни, по само шест дена бил раскинат, бидејќи правното лице „Сан сити“ токму поради недостатоците на кои укажала првата комисија увидело дека не може да ги изведе договорените работи. Затоа Министерството го вратила првичниот влог на претпријатието во износ од 223.970.000 денари главен долг, и одлучило да исплати затезна камата од 64.206.839 или 1.440.000 за кој износ е оштена Македонија.Вториот случај наречен „Тендери“ се однесува за период од 14.6 2011 година до 31.12.2013 во Скопје, во кој првоосомничена е раководно лице од Министерство за култура и членовите на Комисија за јавни набавки од министерството, кои на правното лице ГТД „Бетон“ Штип им овозможиле незаконско повластување, за изведување градежни работи во Музеј за македонската борба за државност.Пред да се објави оглас за услуги спротивно на принципите на конкуренција, пред да се донесе одлука за тоа првоосомичнената донела одлука кој да ја добие и да ја заврши работата.Сведок за овој случај е тогашен генерален директор на „Бетон“ Штип и вели дека добил можност да ги продолжи работите каде веќе работеле на други изведби, а да не се чека 20 дена за да се објави новиот оглас за новите градежни работи. Отпосле биле објавувани огласи, бил потпишуван договор, а „Бетон“ веќе ги изведувал работите. Договорено било во огласот да се предвидат услови што може само Бетон да ги исполни.Биле исплатени близу еден милион евра на сметка на „Бетон“, за изведба на овие градежни зафати, или 54.501.336 денари.Од СЈО најавија дека за лицата инволвирани во овој случај ќе бараат од судот посебни мерки за обезбедување присуство, но не мерк притвор./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Согласно Законот за енергетика и Статутот на Комисијата, тој ќе ја извршува функцијата сè додека не биде донесена одлука за престанок на мандатот.
Од РКЕ информираат дека институцијата ќе продолжи да ги извршува своите надлежности согласно законските обврски. Од Комисијата, вработените и членовите му се заблагодаруваат на Бислимоски за долгогодишната соработка.
Марко Бислимоски го извршуваше својот втор петгодишен мандат како претседател на РКЕ. Првиот мандат му беше од јуни 2018 до јуни 2023 година, а во јули 2023 година повторно беше избран на функцијата.
Македонија
Скопскиот и Полошкиот регион со најмногу одобренија за градење во последниот период – доминира високоградбата
Бројот на одобренијата за градење во декември 2025 година е намален за 17.4 отсто во однос на истиот период од претходната година, соошти Државниот завод за статистика.
Во декември 2025 година се издадени 237 одобренија за градење, што е за 17.4 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 988 378 илјади денари, што е за 19.5 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 140 (59.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 42 (17.7 %) за објекти од нискоградба и 55 (23.2 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 237 објекти, на 132 (55.7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 105 (44.3 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 411 станови со вкупна корисна површина од 38 300 м2.
Во Скопскиот и Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 51.
Македонија
Декември со околу 60.000 туристи: најмногу пристигнале од Турција, Бугарија и Србија
Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември минатата година, во Македонија престојувале 59.521 туристи, кои оствариле вкупно 112.001 ноќевање.
Од вкупниот број туристи, 63,3 се странски, а 36,7 проценти домашни. Кај ноќевањата, странските туристи учествувале со 57,6, а домашните со 42,4 отсто.
Во периодот јануари – декември 2025 година, вкупниот број на туристи е зголемен за 6,0% во однос на истиот период лани. Детално по сегменти: Домашни туристи: намалување за 2,2%, Странски туристи: зголемување за 10,3%.
Кај вкупниот број на ноќевања е забележан раст од 0,8%, при што: Ноќевањата на домашни туристи се намалени за 4,1%. Ноќевањата на странски туристи се зголемени за 6,4%
Најмногу туристи пристигнале од Турција: 7.303, Бугарија: 5.214, Србија: 4.736 и Грција: 3.438.
Премиерот Христијан Мицкоски денес, одговарајќи на новинарски прашања, изјави дека очекува Македонија да ја достигне бројката од пет милиони туристички преноќувања до 2028 или 2029 година, доколку сè се одвива според планот.
Тој рече дека минатата 2025 година, според бројките коишто ги објави Државниот завод за статистика имаме зголемен број на туристи, а она коешто посебно охрабрува е што е зголемен бројот на странски туристи над 10 отсто. Мицкоски рече дека се ближиме на бројката од три и пол милиона преноќувања, што исто така претставува многу значаен податок.

