Македонија
Иванов: Граѓаните во недела да гласаат по сопствено убедување и да го направат најдобриот избор
На 11-ти декември, ве повикувам да излезете и да го остварите вашето право на глас и да ја исполните вашата граѓанска должност, повикувам да гласате по сопствено убедување и да ја дадете довербата на онаа политичка партија и опција за која верувате дека е најдобриот избор за вас и за Република Македонија, порача во петокот претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во пресрет на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во недела.
„Ги повикувам сите кои се вклучени во изборниот процес да покажат достојно ниво на политичка култура и да го почитуваат Уставот и законите на Република Македонија. Ги повикувам надлежните институции задолжени за регуларноста на изборниот процес да дејствуваат согласно законските норми и правила. Да не подлежат на никакви притисоци и да немаат толеранција, ниту милост за оние, кои на каков било начин, ќе се обидат да го попречат, или нарушат изборниот процес“, порача Иванов.
„Како држава, не смееме да дозволиме да има ниту еден аргумент за оспорување и дискредитирање на изборниот процес. Во демократска атмосфера, како што доликува на една демократска земја, очекувам на 11-ти декември едногласно да биде поздравена и признаена волјата на граѓаните, која ќе го означи почетокот на крајот на политичката криза и ќе претставува почеток на национално помирување во Република Македонија“, заклучи претседателот на Република Македонија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЈСП утре ќе вози по неделен возен ред, Жичницата ќе работи вообичаено
Утре поради државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација (кои ќе работат од 8 до 14 часот) на:
– Транспортен центар;
– Ѓорче Петров; и
– Зелен пазар.
Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-18 часот, при што од 17-17:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу.
Македонија
Почнува со работа Работната група за воспоставување на Регистар за недвижниот имот на државата
Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска во просториите на Владата го отвори првиот состанок на Работната група за изнаоѓање решенија за формирање централизирана база на податоци за недвижниот државен имот.
На состанокот присуствуваше и Главниот државен ревизор, г. Максим Ацевски и ревизорите од Државниот завод за ревизија.
Вицепремиерот Фетаи ја охрабри Работната група и заедно со Главниот државен ревизор им даде поддршка на членовите на групата за нивната работа. Работната група со ентузијазам ја прифати задачата што им ја делегираше Владата.
Владата очекува да има конкретно решение за воспоставување на централизиран Регистар за државен недвижен имот.
Управувањето и раководењето со државниот недвижен имот, како компоненти на нефинансиските средства на државата, се значајни бидејќи можат да придонесат за решавање на некои од приоритетните предизвици со кои се соочува и Владата. Доброто управување и раководењето на државните недвижности, од една страна, може да придонесе за намалување на трошоците за одржување, реконструкција, издавање под закуп на имотот, а од друга страна, може да биде предвидлив извор за пополнување на државниот буџет. Исто така, зголемувањето на транспарентноста и отчетноста за јавните политики за ефективно и ефикасно управување со државниот имот може да придонесе за зголемување на довербата на граѓаните во институциите.
Неточната и ненавремена размена на информации меѓу различните државни институции одговорни за управување со имотот значи дека постојат значителни неефикасности и несоодветна координација во процесите на користење и одржување на имотот.
Создавањето централизирана база на податоци (Регистар) е од особено значење за Северна Македонија. Оваа база на податоци ќе содржи информации за целиот државен недвижен имот, кои исто така ќе бидат редовно ажурирани и достапни за сите релевантни институции, со цел да се обезбеди прецизен мониторинг на состојбата на имотот и да се овозможи планирање и ефективна распределба.
Централизираната база на податоци за недвижниот државен имот, ќе овозможи точна евиденција, точни и ажурирани податоци за целиот имот, што ќе обезбеди јасен преглед и транспарентност. Ефективното планирање, информациите за имотот ќе овозможат подобро планирање и распределба на јавните ресурси.
Централизираната база на податоци ќе го намали ризикот од неовластено користење и злоупотреба на државниот имот. Лесниот пристап до точни податоци ќе овозможи брзо и ефикасно донесување одлуки и ќе ја зголеми ефикасноста на управувањето со имотот. Со имплементацијата на овие решенија, Република Северна Македонија може значително да го подобри управувањето со државните недвижности, обезбедувајќи поголема ефективност, ефикасност и транспарентност во користењето на јавните ресурси.
Македонија
Посетителката на ЗОО Скопје која беше тестирана, нема птичји грип
Тестот на жената која денеска побарала да се тестира за птичји грип бидејќи минатата недела ја посетила Зоолошката градина во Скопје, е негативен, потврдија од Институтот за јавно здравје .
Како негативни се покажаа и тестовите на двајцата вработени во Зоолошката градина, кај кои постоеше сомнеж дека се заразени со птичји грип.
Зоолошката градина ќе остане затворена уште дваесетина дена.