Македонија
Иванов: Имаше закана за физичка ликвидација на двајца лидери на политички партии
Претседателот Ѓорге Иванов во отвореното интервју со уредници на неколку национални телевизии објави дека имал информации од странските и нашите служби дека имало реална закана за физичка ликвидација на двајца лидери на политички партии.
„Има закани. Гледате колку закани има за мене? Што кога ќе го убиете претседателот? Треба да се убиваме со идеи, со концепти, со визии“, рече тој.Додаде дека не може да ги каже имињата, но дека службите ги знаат и дека тие лица се информирани за заканите кон нив.На прашањето дали ќе ги повлече одлуките за оние што побараа такво нешто од него, вклучувајќи го и поранешниот претседател Бранко Црвенковски, Иванов рече:„Јас не сум виновен што постои обвинение за поранешниот претседател. Секој што смета дека сум го довел во незгодна ситуација, дека сум го навредил, нека се обрати до Кабиентот. Ќе ги констултираме сите можни правници за да видиме што можеме да направиме“.Според него Специјалното обвинителство е злоупотебено во овој предизборен период.„Правна завршница ќе нема. Не може СЈО да ги заврши во овој период своите истраги. Специјалното обвинителство е институција за долг рок“, рече тој.Иванов рече дека амбасадори во земјва им диктирале по телфон на судии што да работат.„Некои од амбасадорите ги пречекорија сите амбасадорски овластувања. Не сакаме да влегуваме во конфликти со тие земји од каде доаѓаат. Им кажав да внимаваат дека тоа што работат да не биде погрешно сфатено. Никој досега не успеал да ме скрши, ни да ме уцени. За чесност и за искреност и посветеност можам да ви зборувам со саати“, рече Иванов./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

