Македонија
Иванов ќе додели Орден за воени заслуги на Баталјонот на воената полиција и Инженерискиот баталјон

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во четврток ќе се обрати на централната свеченост по повод одбележувањето на 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија, што ќе се одржи на платото пред Министерството за одбрана на Република Македонија и Генералштабот на АРМ.
По повод Денот на Армијата на Република Македонија, претседателот Иванов ќе ги одликува со Орден за воени заслуги Баталјонот на воената полиција и Инженерискиот баталјон при Армијата на Република Македонија.Орденот за воени заслуги на двата баталјони на Армијата на Република Македонија им се доделува за исклучителен придонес и поддршка во зачувувањето на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија, како и за зацврстувањето на националната безбедност и сигурност на македонските граѓани, особено во справувањето со бегалската криза како глобален безбедносен предизвик. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меѓу загинатите од пожарот во Кочани има шест деца под 18 години

По извршените обдукции, Обвинителството ја објави возраста на загинатите во пожарот во Кочани.
Според информацијата, три лица се на возраст на 16, а уште толку од загинатите имале 17 години.
Најмногу, по седум лица, загинале на 24 и 26 годишна возраст.
Највозрасниот имал 48 години.
Во продолжение годините и бројот на загинати.
Македонија
Бугарски пратеник собра 34.200 евра за настраданите во Кочани

Бугарскиот пратеник Манол Пејков од 16 март до 19 март преку хуманитарна кампања собрал 34.200 евра, објавија „Пловдив24.бг“.
Во петок, заедно со својот соработник Чило, планира да отпатува во Кочани, каде ќе се сретне со локалното население и ќе ги координира следните чекори за распределба на собраните средства.
Дополнително, во текот на неделата ќе се обиде да оствари средба со амбасадорот на Македонија во Софија, за да изрази сочувство и да понуди поддршка од фондацијата.
Бугарските медиуми првично објавија дека се собрани 54.000 лева, а сега таа сума е и поголема.
Македонија
Граѓани од цела држава пристигнуваат на погребот во Кочани, луѓето со порака: „Се збогуваме со нашата иднина“

Поворката од роднини, пријатели, граѓани и погребалните возила полека се приближуваат кон градските гробишта.
Луѓето пристигнуваат во групи. Приоѓаат полека, во тишина, бришејќи ги солзите од нивните лица. Голем број млади носат црни маици со натпис: „Почивајте во мир ангели наши“. Ретко кој е без солзи во очите.
Има и голем број лекари и медицински техничари за да помогнат.
„Се збогуваме со нашата иднина“, велат жителите.
Граѓани од цела држава доаѓаат во Кочани за да се простат од прерано изгубените млади животи.