Македонија
Иванов: Мора да се стави крај на политичката криза
Треба да се стави крај на политичката криза за да се сосредоточи Македонија на решавање на безбедносните предизвици, за што и е потребна стабилна Влада, смета претседателот Ѓорге Иванов.
„Конечно треба да се стави крај на политичката криза, за да имаме Влада со целосен политички легитимитет и институции кои ќе можат да се справат со безбедносните предизвици кои ја очекуваат Република Македонија“, изјави претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, прашан за став околу политичката криза и вчерашниот договор кој го постигнаа лидерите на политичките партии. Претседателот Иванов изрази незадоволство од неодговорното однесување на поединци и политички партии кои, како што рече, само ја усложнуваат состојбата во Република Македонија, како и од нивното отсуство на чувство за државност во моменти кога како држава, регион па и Европа, се соочуваме со бегалска и мигрантска криза. „Се соочуваме со бегалска и мигрантска криза која носи безбедносни ризици и недозволиво е такво однесување на тие што се нафатиле да бидат во политика. Политиката бара и одговорно однесување на секој поединец и на секој што е вклучен во носењето одлуки од интерес за сите граѓани“, изјави македонскиот претседател.Иванов предупреди дека не очекува уште поголем бран на беглаци и дека е неопходно институциите да се посветат на справување со безбедносните предизвици и да нудат решенија, а не дополнително да ги комплицираат состојбите. „Нашите институции наместо да се преокупирани со тие безбедносни ризици и прашања, ние се трошиме во меѓусебни расправии, деструктивно однесување и дури, дозволете ми да кажам, гнасно однесување на поединци кои го злоупотребуваат она што им го дале граѓаните и ги избрале на функции“, изјави претседателот Иванов на новинарско прашање. Иванов порача дека политичката криза во државата негативно влијае не само на граѓаните и на меѓучовечките односи, туку и на стопанството и на бизнис климата./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

