Македонија
Иванов на средба со првите луѓе на МВР: Мигрантската криза не е завршена
Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов во петок во МВР се сретна со челните луѓе на овој ресор министерот за внатрешни работи Митко Чавков, како и со директорите на Бирото за јавна безбедност и управата за безбедност и контраразузнавање, Горанчо Савовски и Љупчо Андоновски.
На средбата во МВР на која што претседателот Иванов, заедно со министерот Чавков одржа и состаноци со колегиумите на Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање каде што централни теми беа актуелната мигрантска криза, како и прашања поврзани со безбедносните ризици и состојби.„Министерот, заедно со директорите ме информираа дека сите мерки се преземени, од голема корист се полицајците од земјите членки на ЕУ и балканскиот регион. Сите активности се синхронизирани, нашиот кризен менаџмент дневно известува за сите обиди за влегување и отворање на балканскиот регион“, рече Иванов, коментирајќи ги изјавите за можен втор мигрантски бран ова лето.Според претседателот Иванов, Македонија како држава се справува успешно и покажа како треба и другите земји да се справуваат и однесуваат со вакви предизвици.Министерот за внатрешни работи Митко Чавков од своја страна изјави дека за време на посетата заеднички било заклучено дека бегалската криза не е минато свршено време, туку актуелните закани и ризици продолжуваат и понатаму, се разбира во друга форма преку активирање на криминални мрежи, како и дека Македонија успешно се справува со овој вид на проблеми. „На дневна основа фаќаме или попречуваме 200 до 300 бегалци или мигранти, идентификуваме организирани криминални групи и интензивно работиме и на национални и на меѓународно ниво на воспоставување потесна полициска соработка за отпочнување и водење меѓународни истраги“, истакна министерот Чавков.Тој изрази задоволство за успешното справување со трансформирањето на бегалската криза во илегална, но истакна дека состојбата со бегалската криза ќе продолжи и понатамуМинистерот Чавков во изјавата по состаноците истакна дека и покрај максималната контрола и новиот систем на справување со мигранскиот бран, неспорно е дека предизвиците и опасностите постојат, особено што проценките говорат дека тие ќе продолжат во наредниот период. Но дека МВР, односно неговите служби се подготвени успешно да се справат со таквите закани за што сведочат спречувањата на илегалнаа миграција и откривањата на организирани криминални групи. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Времена измена во сообраќајот на делницата клучка Миладиновци – клучка Петровец
На 23/24.02.20026 на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци – клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички изведувања од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром, во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

