Македонија
Иванов предупреди на заканите и поделбите
Во говорот по повод националниот празник 2-ри Август – Илинден, македонските претседател Ѓорге Иванов од меморијалнито комплекс Пелинце предупреди на високиот ризик од заканата од странски терористички борци поврзано со мигрантската криза и екстремизмот, предупреди и на нов миграциски брата, а истовремено и истакна дека поделбите во нацијата, исто така, претставуваат закана за државноста.
„Многумина не очекуваа територијално мала држава како Македонија да биде толку отпорна и цврста пред заканите од илегалната миграција. Сепак, успешно се соочивме со првиот миграциски бран. Покажавме дека имаме армија и полиција што можат да ја чуваат границата“, порача македонскиот претседател, Ѓорге Иванов
Шефот на државата оцени дека Македонија проактивно се справува со мигрантската и бегалската криза, наместо реактивно.
„Излегуваме на крај и со безбедносните закани од насилен екстремизам и тероризам. Спречивме масакри и крвопролевања какви што гледаме насекаде во светот. Затоа, повторно сакам да изразам голема благодарност на нашите безбедносни сили и служби за нивниот професионализам и посветеност. Тие деноноќно ја чуваат нашата безбедност и безбедноста на нашите деца“, порача Иванов.
Предупреди дека вториот миграциски бран е на повидок и дека регионалните кризи и конфликти на Блискиот исток и северна Африка ги зголемија ризиците за загрозување на безбедноста на земјата која се наоѓа на ткн балканска миграиска рута.
„Сé уште постои висок ризик од заканата од странски терористички борци“, посочи Иванов.
Македонскиот претседател истакна дека првиот мигрантски бран ги еродирал европските институции, оти разликата меѓу заедничките цели на Европската унија и посебните интереси на државите членки станива сé поголема. Иванов, исто така, оцени дека со излегувањето на Велика Британија., наместо да се обединува и проширува, ЕУ започна да се фрагментира и намалува
„Секојдневните терористички напади во Европа и светот се новата реалност. Како држава, ние мора да се навикнеме да живееме и да функционираме во таква реалност. Во вакви сложени услови, повеќе од кога било порано сите ние мора да бидеме сплотени и единствени…“, истакна Иванов но и ја постави дилемата за единството во земјата и на нацијата.
„Изминатите 25 години, се покажа дека ние како нација најмногу го сакаме она што го немаме и затоа го запоставуваме она што го имаме – а тоа е државата“, заклучи Иванов.
Затоа повика како што народот бил сплотен 1941-та за да избори слобода и државност, како што во 1991-та се сплоти за да прогласи независност и сувереност, така, и денес, треба да се сплоти за да ја зачува слободата и државноста, независноста и сувереноста на земјата
„Денес, повеќе од кога и да е порано, потребен ни е процес на национално помирување!“ порача Иванов апелирајќи да се почитува и сака татковината, бидејќи само во неа може да се има слобода и безбедност, и оти таа е „најсигурен влог во иднината на нашите деца“, а сетот тоа ќе се постигнеме само со помирување и сплотување.
Осврнувајќи се на македонската историја и борбата за слобода и независност Иванов истакна дека „од првиот до вториот Илинден, од Крушево 1903-та до АСНОМ 1944-та, како народ ние научивме една скапоцена лекција. „Тоа е дека секогаш кога сме поделени, ние сме и поробени. Секогаш кога сме сплотени, ние сме слободни“.
„Втората лекција ја научивме од вториот до третиот Илинден, од АСНОМ 1944-та, до 8 септември 1991-та, а тоа е дека кога се сомневаме во себе – губиме, а кога веруваме во себе – победуваме. Верувавме и победивме. Гласавме за конституирање на Република Македонија како суверена и самостојна и како граѓанска и демократска држава“, посочи македонскиот претседател.
Иванов нагласи дека и покрај изминатите две ипол децении независнсот, денес државата и народот изгледаат како зависници од туѓи интереси и планови.
„Цинизмот е сеприсутен. Наместо да се издигнуваме, ние со зборовите се понижуваме. Станавме политички поларизирано општество, запоставувајќи ја политичката култура. Станавме заложници на омразата кон другиот“, рече претседателот Иванов и додаде дека наместо да се почитува правото на различно мислење и тоа до биде побивано со аргументи, противниците се омаловажуваат, деградираат..
„Едно семејство не може да функционира без дијалог, почитување, компромис и единство. А како што Македонија е нашиот заеднички дом, така и ние, независно од етничките, верските и политичките разлики сме едно семејство“, порача претседателот Иванов на одбележувањето на Илинден./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски на средби со сопственици на компании и со претседателот на Европскиот совет во Минхен
Премиерот, Христијан Мицкоски, на првиот ден од 62. Минхенска безбедносна конференција имаше средби со претставници на компании и со претседателот на Европскиот Совет.
„Денешниот прв ден овде го започнавме со средба којашто е многу значајна со високи претставници на компанијата ‘Шварц’, една од најголемите во светот и една од најголемите овде во Германија, со годишни приходи повеќе од 180 милијарди евра. Компанијата ‘Шварц’ вработува повеќе од 605.000 вработени и е присутна во повеќе од 30 земји во светот, помеѓу нив е и нашата Македонија“, изјави Мицкоски.
Имал состанок и со сопственикот на „4iG“ којшто е веќе присутен во Македонија како сопственик на лиценца за трет мобилен оператор.
„Она коешто е значајно, а треба да се истакне и да го знае македонската јавност и македонските граѓани е фактот дека покрај постоечкото инвестициско портфолио и двете компании и компанијата „Шварц“ и компанијата „4iG“ планираат дополнителни инвестиции во Македонија во сосема поинаква, во сосема поинакво портфолио, а тоа е вештачката интелигенција, дата центрите и енергетиката, односно производството на електрична енергија“, рече Мицкоски.
Премиерот бил дел и од свеченото отворање на 62. Минхенска безбедносна конференција каде што свое обраќање имаше германскиот канцелар Мерц, а денот го завршил со состанок со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта.
„На состанокот разговаравме за евроинтегративниот процес на Македонија и она коешто е важно за македонските граѓани, тој процес да не биде билатерализиран, да не биде понижувачки и да биде сочуван македонскиот идентитет и приоритетите на македонските граѓани“, рече Мицкоски.
Тој им честита на македонските граѓани за, како што рече, онаа убава вест којашто на почетокот на денот пристигна од САД од Вашингтон, а тоа е усогласената заедничка изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, а се однесува на договорот за трговија којшто понатаму двете држави ќе го потпишат, договор којшто овозможува подобра економија и повеќе можности за македонските компании.
„На овој начин покажуваме како Влада дека покрај она стратешко партнерство со Велика Британија, Обединетото Кралство, после избришаниот пост мониторинг од страна на Советот на Европа, овој трговски договор којшто ќе биде во рамките на оваа заедничка изјава којашто ја усогласивме со Белата Куќа потпишан ја заокружуваме дипломатската офанзива во овие први дваесетина месеци од оваа нова Влада и тоа се историски договори со историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава. Останете со нас следните два дена продолжуваме со многу убави вести и со успешни состаноци од овде од Минхен од 62 Минхенска безбедносна конференција“, рече Мицкоски.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

