Македонија
Иванов прекршил закони и Устав со аболицијата, но ја одбранил земјата од мигранти
Опозицијата, во четврток, на првата седница на Комисијата за утврдување на оправданоста за поведување постапка за отповикување на претседателот Ѓорге Иванов, аргументираше, дека тој, со аболицијата на 56 политичари и нивни соработници прекршил повеќе законски и уставни норми, а власта го бранеше сметајќи дека тој застанал на браникот на државата и не дозволил бегалската криза да ескалира.
Пратеничката од СДСМ Рената Дескоска, рече дека постапката за импичмент има за цел враќање на принципите на одговорност, правичност, правда и еднаквост.„Одговорност на оваа комисија е дали е ќе го одбрани Уставот од противправните акти преземени од претседателот или комисијата ќе остане нем набљудувач на кршењето на овој акт донесен од граѓаните. Ние сме тука да го одбраниме Уставот, бидејќи кршење на Уставот е кршење на волјата на граѓаните“, рече Дескоска.Објасни дека политичка криза која произлегла од криминалното работење на власта не може да биде решена со помилување.„Правната одговорност произлегла од фактот што тој злоупотребувајќи ја својата функција и злоупотребувајќи ги надлежностите како претседател спротивно на законските норми донел одлука за, како што тој вели, општ прекин на сите кривични постапки против политичари и нивните соработници. Со овие одлуки Иванов прекрши неколку одредби од Уставот“ – рече Дескоска.Според неа, прекршени одредбите кои се однесуваат на заштита на темелни вредности на уставниот поредок како владеење на правото и поделбата на власта, членот 9 кој забранува дискриминација по основ на општествена положба, членот 68 став 1 кој предвидува надлежност на Собранието да дава амнестија, член 84 што ги предвидува надлежностите на претседателот на РМ и членот 106 кој ги предвидува надлежностите на јавното обвинителство.„Иванов даде 107 помилувања на 56 лица, некои беа помилувани и по 16 пати. Со својата масовност и опфат на лица и дела неговите акти се всушност давање амнестија. Тој дури и во својот говор одржан на пре сконференција истиот ден го користи исклучиво зборот амнестија. Ниту еднаш не го употреби зборот помилување или аболиција туку само амнестија. На сите им е познато дека амнестијата е во надлежност на Собранието, а не на претседателот на државата. Иванов си присвои овластувања што Уставот го резервирал за Собранието. Со тој упат Иванов го прекрши членот 8 став 1 алинеја 4, односно начелото на поделба на власт, членот 68 став 1 кој предвидува надлежност на Собранието да дава амнестија, член 84 што ги предвидува надлежностите на претседателот на РМ“, рече Дескоска. За тоа дека е прекршено начелото на владеење на правото, Дескоска агрументира дека наводната основа согласно која ја носи оваа одлука, беше укината со измени од 2009 година со што законот не дава претседателот да врши помилување без претходно спроведена постапка. „Но дури и да постоел членот 11 Иванов повторно би одговарал за негова злоупотреба бидејќи според тој член може да дава помилување беа претходна постапка по исклучок, а 107 помилувања не може да се смета за исклучок“, рече Дескоска.Појасни и дека со одлуката на Иванов се прекршува и забраната за дискриминација врз основ на општествена положба бидејќи во неговата одлука е предвидено лицата да се политичари и нивните соработници, со што привилигира одредена група врз основ на недоволен критериум општествена положба.Иванов го прекрши начелото на владеење на правото и на поделба на власта, смета опозицијата бидејќи со неговата одлука практично го онеспособи СЈО да ја врши својата надлежност и изврши упад и во судската и во законодавната власт. Според пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ, опозициската СДСМ се држи до формата, а не до суштината, а тоа го прави затоа што поднесува неидржани предлози.„Барањето е целосно неиздржано, вршите атак врз институцијата претседател на државата, ова е последен чин во вашата драма за уривање на државата. И после одлуката за помилување претседателот на државата според анкетите има поддршка од 53 отсто од граѓаните без разлика на верска и етничка припадност“, рече Мукоски.Според него, Иванов е заслужен што во земјава не се создале поголеми проблеми поради бегалската криза и појасни дека укинатиот член 11 од Законот за помилување е вратен.Талат Џафери од ДУИ рече дека со одлуката за Иванов е повредено начелото на поделба на власта и затоа смета дека има можност да се поведе постапка за испитување на неговата одговорност. „За одлуката да помине треба двотретинско мнозинство па ќе видиме кој како ќе гласа“, рече Џафери.Комисијата продолжува со работа и во петок, а следната недела треба да подготви предлог-одлука за тоа дали е издржано барањето на опозицијата за импичмент. Потоа дискусијата ќе се префрли на пленарна собраниска седница. Ако Собранието го поддржи барањето на СДСМ по одлуката ќе треба да се изјасни Уставниот суд./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

