Македонија
Иванов се заложи за унапредување на правата на слепите лица
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во четврток прими претставници на Националниот сојуз на слепи на Република Македонија, по повод одбележувањето на 70 годишниот јубилеј од основањето на организацијата.
Претставниците на Националниот сојуз на слепи на Република Македонија го запознаа претседателот Иванов со тековните и идни активности на организацијата, со досегашните постигнати резултати во насока на унапредување на положбата на слепите лица, особено во однос на образованието и вработувањето.Претседателот Иванов изрази поддршка за активностите на Националниот сојуз на слепи, и истакна дека и натаму ќе се залага за унапредување на правата на слепите лица, како преку подобрувањето на законската легислатива, така и преку нејзино доследно имплементирање. „Државата и општеството во целина мора да водат континуирана и системска грижа за слепите лица. Потребен е заеднички и координиран пристап преку конкретни механизми за унапредување на нивните права и нивната положба. Особено е важен и ангажманот на локалните институции, на општините, како и поддршката на семејствата на слепите лица“, порача на средбата македонскиот претседател. Претставниците на Националниот сојуз на слепите изразија благодарност до претседателот Иванов за неговата сестрана поддршка и неговите лични залагања за лицата со инвалидност и изразија задоволство од соработката со државните институции. „Во изминативе 5-6 години имаме неверојатна плодна соработка со сите институции во Република Македнија. Отворен е дневен центар за деца од пред-школска возраст и се реализирани многу други проекти во насока на унапредување на правата на слепите“, изјави Коце Димов од Националниот сојуз на слепите на Република Македонија. Тој подвлече дека во иднина нивната организација ќе се фокусира на изготвување на закон за кучиња – водичи и организација на пензионерски дом за згрижување на слепи лица. По повод 70 годишниот јубилеј насловен „70 години Визија за Светлина“, Националниот сојуз на слепи на Република Македонија му додели „Златна плакета“ на претседателот Иванов, што е највисокото признание на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, кое се доделува за особени заслуги за подобрување на правата на оваа категорија на граѓани. Основна цел на Националниот сојуз на слепи на Република Македонија, кој е формиран во 1946 година, е создавање на подобри услови за живот и работа на слепите лица во нашата држава. Во организацијата членуваат повеќе од 2550 слепи и слабовидни лица од целата територија на Република Македонија. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Скопскиот и Полошкиот регион со најмногу одобренија за градење во последниот период – доминира високоградбата
Бројот на одобренијата за градење во декември 2025 година е намален за 17.4 отсто во однос на истиот период од претходната година, соошти Државниот завод за статистика.
Во декември 2025 година се издадени 237 одобренија за градење, што е за 17.4 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 988 378 илјади денари, што е за 19.5 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 140 (59.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 42 (17.7 %) за објекти од нискоградба и 55 (23.2 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 237 објекти, на 132 (55.7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 105 (44.3 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 411 станови со вкупна корисна површина од 38 300 м2.
Во Скопскиот и Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 51.
Македонија
Декември со околу 60.000 туристи: најмногу пристигнале од Турција, Бугарија и Србија
Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември минатата година, во Македонија престојувале 59.521 туристи, кои оствариле вкупно 112.001 ноќевање.
Од вкупниот број туристи, 63,3 се странски, а 36,7 проценти домашни. Кај ноќевањата, странските туристи учествувале со 57,6, а домашните со 42,4 отсто.
Во периодот јануари – декември 2025 година, вкупниот број на туристи е зголемен за 6,0% во однос на истиот период лани. Детално по сегменти: Домашни туристи: намалување за 2,2%, Странски туристи: зголемување за 10,3%.
Кај вкупниот број на ноќевања е забележан раст од 0,8%, при што: Ноќевањата на домашни туристи се намалени за 4,1%. Ноќевањата на странски туристи се зголемени за 6,4%
Најмногу туристи пристигнале од Турција: 7.303, Бугарија: 5.214, Србија: 4.736 и Грција: 3.438.
Премиерот Христијан Мицкоски денес, одговарајќи на новинарски прашања, изјави дека очекува Македонија да ја достигне бројката од пет милиони туристички преноќувања до 2028 или 2029 година, доколку сè се одвива според планот.
Тој рече дека минатата 2025 година, според бројките коишто ги објави Државниот завод за статистика имаме зголемен број на туристи, а она коешто посебно охрабрува е што е зголемен бројот на странски туристи над 10 отсто. Мицкоски рече дека се ближиме на бројката од три и пол милиона преноќувања, што исто така претставува многу значаен податок.
Македонија
Алиу: Владата донесе одлука за решавање на проблемот со паркингот во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
Министерот за здравство, Азир Алиу, информира дека Владата, на последната седница, донела одлука за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Со оваа одлука, вели Алиу, се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје и решавање на деценискиот проблем со паркингот кај клиниките.
„Станува збор за одлука за давање под закуп на недвижни работи со непосредна спогодба со Град Скопје заради организирање, управување, уредување и одржување на паркиралишта во просторот на Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје. Во следната фаза, Град Скопје ќе започне со проектирање и изградба на катните гаражи и инфраструктурно уредување. Договорот ќе биде склучен на 15 години со закупнина во висина од 10 проценти од вкупниот проме“, рече Алиу.
Тој додаде дека со ова ќе се овозможи модернизација и зголемување на капацитетите за паркирање на клинички.

