Македонија
Иванов за FAZ: Јас не бранам криминалци, јас ги штитам интересите на државата

Потребно ни е национално помирување, вели претседателот Ѓорге Иванов, во разговор за германскиот дневен весник Frankfurter Allgemeine Zeitung (FAZ), коментирајќи ја неговата одлука за помилување на 56 лица од 12-ти април.
Иванов одговара дека, ако е потребно, уште еднаш би ја донел истата одлука.
„Јас не бранам криминалци, јас ги штитам интересите на државата“, вели претседателот Иванов за германскиот весник.
„Разговорот со него води длабоко во сржта на поделбата на македонското општество, која се провлекува низ семејства, пријателства и соседства, и во историјата на Македонците, под влијание на насилство и теории на заговор, чиј идентитет од соседите на север, југ и исток одново и одново се става под знак прашалник“, се вели во анализата под наслов „Македонија – Сто години борба за идентитет“.
Сегашната криза, објаснува претседателот Иванов, не е ништо друго туку само едно поглавје во историја на поделби која трае веќе повеќе од сто години“ вели Иванов.
„Ние сме заробеници на менталитетот на нашите поитичари, време е за нови лица“, дециден е Иванов.
„И како што некогаш биле набуцкувани борбите во крилата на ВМРО од соседите, така денешниот македонско-македонски конфликт бил дело на надворешни сили. Македонија сака да стане членка на ЕУ и на НАТО – ова е едно од малкуте прашања, за кои вон сите политички и етнички јазови, владее единство“, анализира германскиот весник.
Истовремено, весникот посочува и на проблемот за името со Грција.
„Југославија е веќе долго време мртва, само ние сé уште ја носиме во името“, вели Иванов. „Тоа е некрофилско име“, го пренесува германскиот весник ставот на македонскиот претседател.
Поради спорот за името, пишува натаму Frankfurter Allgemeine Zeitung, Грција го спречува влезот на Македонија во НАТО и отпочнувањето на пристапните преговори со ЕУ, иако Европската комисија секоја година, веќе седум години по ред, го препорачува отпочнувањето на пристапните преговори.
„Ова е вистинската причина за фрустрацијата на младата генерација“, вели Иванов.
Ако прашате за можни излези од кризата, на сите страни ќе добиете два можни одговора: во подобриот случај тоа е беспомошност, како решение се гледа само поразот на спротивната страна, заклучува германскиот весник во својата анализа. /крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Вилијам Михајловски, осуден на 14 години затвор, ќе ја води Комисијата за безбедност и правда на Единствена Македонија

Централниот комитет на Единствена Македонија на дводневната седница во Охрид меѓудругото донесе и неколку кадровски одлуки од своја надлежност.
„Беше избран нов Извршен комитет, а воедно за генерален секретар беше избран Милан Јовчески, а за член на Извршниот комитет беше избран уставобранителот Вилијам Михајловски – Гајда во моментот неоправдано осуден на 14 години затвор за Македонија. Вилијам Михајловски како член на Извршниот комитет ќе ја води и Комисијата на Единствена Македонија за внатрешна безбедност, одбрана, правда и политички затвореници“, соопштија од партијата.
Централниот комитет утврди 29 кандидатски листи за локалните избори, а уште шест се во постапка за утврдување на следната седница на Централниот комитет.
Од партијата соопштија дека е донесена и одлука за кандидат за градоначалник на Град Скопје.
Македонија
Османи формира тим во Чаир со задача да донесе милион евра од европските фондови

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, денес го најави формирањето на специјална Task Force единица посветена на IPA фондовите, со јасна цел – европските средства да дојдат директно во оваа општина.
„Три години бев државен координатор за IPA фондовите. Знам како функционираат овие програми, каде се можностите и кои се луѓето во Брисел што одлучуваат за нив,“ истакна Османи.
Тој додаде дека од денес Чаир има тим со еден единствен мандат: да донесе милиони евра од европските програми директно во општината.
„Ова значи подобри улици, посилни училишта и побогата заедница. Чаир заслужува да биде директно поврзан со Европската Унија и ние тоа ќе го направиме реалност,“ истакна Османи.
Со оваа иницијатива, додаде тој, Чаир стапува на патот на европска интеграција на локално ниво, користејќи ги можностите што ги носат фондовите на ЕУ.
Македонија
„Таравари не излезе од Владата поради грижа за правата на Албанците, одговорите нека ги побараат во обврските преземани за инвестицијата Ѓока“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Алијанса на Албанците на Арбен Таравари треба да научи дека кога неосновано критикуваат и измислуваат, притоа ставаат зборови во уста кои не биле кажани од премиерот Мицкоски, ќе добијат аргументиран и издржан одговор“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Алијансата за Албанците.
„А вистината зошто излегоа од Владата не се крие во грижата на Таравари за Албанците ниту пак борбата за некакво подобрување на нивните права.
Вистината е многу едноставна и болна.
Членовите и заинтересираните за вистината одговорите нека ги побараат во една инвестиција на Таравари што се вика Ѓока. Какви обврски превземал и какви услови прифатил. Тоа не е наш проблем. Оставаме сами да си ги решат“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.