Македонија
Ивановски во Битола на работни средби со претставници на институции и на ИКТ секторот
Новите административни закони во петок беа презентирани пред претставници на институции од јавниот сектор во Битола.
Министерот Иво Ивановски заедно со стручен тим од министерството ги претставија најбитните сегменти од спроведувањето на Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор.
Како што појасни Ивановски на средбата на која присуствуваше и битолскиот градоначалник Владимир Талевски, целта на имплементацијата на законите е воспоставување на модерна и сервисно ориентирана јавна администрација.
„Потребно е институциите што побрзо да направат функционална анализа на работењето и да изготват нова систематизација која ќе ја поднесат до Министерството за информатичко општество и администрација. Со новиот закон дозволено е максимум 50 отсто од постоечките вработени да има нови слободни работни места во систематизацијата. Тоа значи дека функционалната анализа треба да покаже кои се најбитните работни позиции, кои сектори и кои одделенија“, рече министерот Ивановски.
Ивановски денеска во Битола оствари средба и со претставници на компании од ИКТ секторот, на која ги информира за реализираните проекти на министерството во информатичко-комуникациската област, како и за идните активности и заедничката соработка на тој план. На средбата стана збор за потребите на компаниите од стручен кадар во ИТ сферата. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

