Македонија
Изаири: Немаме соодветен систем и институционален капацитет за управување со опасниот отпад

Во моментов постои недостаток на соодветен систем за управување со опасниот отпад, недоволен институционален капацитет и реална примена на прописите од оваа сфера.
Ова во понеделник го изјави министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, кој говореше на тркалезна маса во рамките на проектот „Интегрирано спречување и контрола на загадувањето во Македонија“, што се одржа во понеделник во Стопанската комора на Македонија.
„Актуелниот начин на управување со отпадот, за жал во Република Македонија може да се карактеризира како субстандарден од аспект на човечките и финансиските ресурси, како и непостоење на соодветен систем за известување односно следење на видовите и количините на опасниот отпад од надлежните институции соодветно со законските прописи. Сите овие фактори може да резултираат со значително загадување на животната средина и загрoзување на човековото здравје“, рече Изаири. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР најави засилени мерки против непрописното паркирање

Вчера во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
МВР информира дека се преземени вкупно 20 мерки од кои изречени се шест прекршочни платни налози за непрописно паркирани возила, 12 возила се подигнати со специјалното возило “пајак” и 2 мерки по останати прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР.
Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Македонија
Облачно време со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул 100 и ул 21 во Волково (Општина Ѓорче Петров)
-во периодот од 12.00 до 14.00 часот дел од ул.3 во Ракотинци (општина Сопиште)