Македонија
Изаири: Состојбата на браните во државата е очајна
Mинистерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, во петок, во просториите на Градежниот факултет во Скопје, се обрати на конференцијата на тема “Состојбата со водостопанската инфраструктура“, на која акцентот беше ставен на браните, а беше разгледана и општата состојба на водoстопанската инфраструктура во Македонија.
„Моменталната сигурносна состојба на браните со придружните објекти е алармантна за четири брани (Слатино, Пишица, Глажња и Липково) и е критична за пет брани (Вратница, Отошница, Селемли, Петрашевец и Водоча) кои треба ургентно да бидат санирани. Од 43-те брани опфатени со теренски увид, девет брани или 21 % од постојните позначајни брани, се во незавидна сигурносна состојба, што е индиција дека е неопходна радикална промена на досегашниот концепт за постигнување на задоволителен квалитет на браните во Р. Македонија“, рече Изаири.
Според него, квалитетот на одржување на браните е незадоволителен, бидејќи 20 брани не се одржуваат на начин кој би бил очекуван за вакви стратешки објекти.
„Дури шест брани се буквално препуштени сами на себе, а шест брани се запуштени до ниво што ги прави ранливи со неприфатлив ризик за околината. Тоа ни беше првиот сигнал дека е потребно да се предложат активности во насока на подобрување на ефикасноста на работењето и функционирањето на водостопанските системи“, посочи Изаири. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

