Македонија
Изаири: Земјите треба да се движат кон пониско-јаглероден развој
Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и оперативниот шеф од делегацијата на ЕУ Мартин Клауке, во вторник во ЕУ Инфо Центарот во Скопје го отворија дискусиониот панел на тема „Енергетско моделирање во рамките на климатските промени и COP 21“.
Целта на панелот беше да отвори дискусија за активностите што Македонија ги презема пред претстојната конференција за климатски промени што во декември ќе се одржи во Париз.
Министерот Изаири во своето обраќање порача дека сите земји треба да се движат кон пониско-јаглероден развој, со цел да се постигне глобално утврдената цел за зголемување на температурата под 2°C до крајот на векот,
„Ние сме посветени на усвојување на меѓународен обврзувачки договор кој ќе биде применлив за сите земји. Договорот 2015 мора да биде амбициозен, правно да обврзува, да е мултилатерален, да се заснова на правилата за глобално учество и да се заснова на информации од науката. Договорот 2015 исто така треба целосно да ги почитува принципите на Конвенцијата“, рече Изаири.
Тој додаде и дека, во склоп на подготовките за претстојната Конференција за климатски промени, која во декември ќе се одржи во Париз, Р. Македонија го има усвоено својот т.н национален придонес за климатски промени, како 23-та држава во светот.
На настанот беа презентирани процесот на прибирање на податоци и нивно внесување во Енергетскиот модел наречен 2050 Калкулатор, како и најдобрите сценарија со кои Македонија ќе стигне до 78% намалување на емисиите до 2050 година.
Во вториот дел од настанот беше отворена панел дискусија на тема „Енергетско моделирање во рамките на климатските промени и COP 21“.
Конференцијата е во организација на Тинк Тенкот Аналитика, Еко-Свест и Фронт 21/42. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

