Македонија
Издадени 1.601 потврди на мигранти во саботата

Вкупно 1.601 потврди на странски државјани издадени се во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 16.01.2016 година. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-865, Авганистан–381 и Ирак-355.
Од почетокот на годината издадени се потврди на вкупно 30.900 странски државјани, од кои 13.024 се од машки пол, 6.652 се од женски, 11.124 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 100 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-14.852, Авганистан-10.199 и Ирак-5.846.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 16.01.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. /крај/мф/ап/.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Судски реформи, транспарентност и независност: британска поддршка за јакнење на обвинителството во Македонија

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски заедно со неколкумина јавни обвинители вчера одржаа работен состанок со тим од Програмата за јакнење на демократијата во Западен Балкан и британската Амбасада во Скопје, предводени од Ник Хокинс, тим лидер и поранешен Крунски јавен обвинител на Обединетото Кралство и експертот Калум Кокс, долгогодишен адвокат, судија и јавен обвинител во Велика Британија.
На состанокот беа разгледани можностите за британска стручна поддршка и помош за македонските јавни обвинителства преку Програмата за јакнење на демократијата во Западен Балкан, која се спроведува во пет земји од Западен Балкан: Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Косово и Србија.
Програмата опфаќа 4 компоненти: зајакнување на судските институции, носење на независни обвинителски одлуки, подобрена транспарентност, јавен пристап и подобрена практика на изрекување казни како и подобрено управување и одговорност.
Јавниот обвинител Коцевски ги запозна британските експерти со состојбите во Јавното обвинителство, како и со нагласениот фокус на јакнење на истражните центри на обвинителството и на борбата против организираниот криминал и корупцијата.
На работниот состанок, шефот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази, првиот човек на најголемото основно јавно обвинителство во државата – ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и претседателот на Здружението на јавните обвинители, јавниот обвинител во ЈОРСМ Елвин Вели подетално со британските експерти разговараа за сите клучни активности во кои би можела да биде искористена британската стручна помош.
Притоа, како основен чекор во рамките на проектот беше усогласено финализирање на Методологијата за проценка на сложеност на предметите. Исто така преку програмата ќе бидат опфатени и структурирани обуки за јавни обвинители за повеќе конкретни теми. Воедно, дел од програмата ќе опфати и директно менторство во сложени предмети со цел согледување на најдоброто искуство и практики од Велика Британија во водењето и ефикасноста на обвинителските постапки.
Македонија
ДОМ повика зелената транзиција да биде составен дел од стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

По повод посетата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на Обединетото Кралство и потпишувањето на Заедничката декларација за стратешко партнерство, Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја поздравува продлабочената соработка меѓу двете земји, особено во делот на економијата, безбедноста и борбата против корупцијата.
Истовремено, Зелената партија ДОМ упатува јавно барање до Владата финансиската рамка од 6 милијарди евра обезбедена во партнерство со UK Export Finance (UKEF) да се интегрираат и приоритетите од стратегијата за одржливост на Велика Британија (UKEF Sustainability Strategy 2024–2029) кои се потенцијален дел од инфраструктурните инвестиции.
Во таа насока, бараат:
– Дел од средствата да се определат за инвестиции во обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, модернизирање на дистрибутивната мрежа на електрична енергија и децентрализирани енергетски системи.
– Да се поттикнуваат проекти за климатска адаптација и зголемена отпорност на локалните заедници кон екстремни временски услови.
– Да се вложува во зелени и циркуларни бизниси, како и во инклузивна економија што создава можности за младите, жените и локалните иноватори.
– Да се гарантира поголемо учество на локалните компании и зелените иноватори во проектите поддржани од британскиот финансиски механизам.
Од ДОМ велат дека со вклучување на одредбите од „Sustainability Strategy“ на Обединетото Кралство, ќе се испрати силна порака дека Македонија ја прифаќа визијата за праведна транзиција, заштита на природата и економски развој кој остава вредност и за идните генерации. Нашата татковина и нашите сограѓан(к)и немаат веќе толеранција за импровизации: инвестициите во инфраструктурата ќе бидат залудни доколку не ја зачуваме животната средина и не создадеме еколошки чиста држава.
Македонија
Граната извадена од езерото кај Пештани

Граната била извадена пред два дена од водите на Охридското Езеро, на плажа во Пештани.
Полицијата од Охрид утроово соопшти дека локацијата била обезбедена, по што гранатата безбедно е подигната за понатамошна постапка.