Македонија
Изменет сообраќаен режим во Скопје, Пелинце и Крушево за 2 Август
Измени во сообраќајниот режим ќе биде воведен на 2 Август во Скопје, Крушево и Пелинце, поради одбележување на празникот Илинден и одржување на манифестацијата „Илинден 2014“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Така, во Скопје од 09,30 часот до 10,30 часот затворени за сообраќај ќе бидат улиците „Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“. Сообраќајот ќе биде пренасочен на околните крстосници.
Во Куманово, после 10 часот ќе има целосна забрана за сообраќај на моторни возила на регионалниот пат Р-1202 од клучката на магистралниот пат А2 и регионалниот пат Р-1202 или поточно од „Св. Петка“ до село Пелинце, каде што ќе се одвива централната манифестација по повод одбележување на празникот Илинден.
Во Крушево, уште во петок, на 1-ви август, во попладневните часови ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај по улиците во градот, а на 2-ри август ќе има посебен режим и на сообраќајот кон локалитетот Мечкин Камен.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

