Македонија
Измените на Законот за азил попладнево ќе се гласаат во Собрание
Претениците со 67 гласа „за“ го усвоија предлогот на Владата за измените на Законот за азил и привремена заштита, a попладнево во 15 часот се очекува да расправаат за нив.
Измените во Законот пред пратениците во Собранието ги претстави министерот за внатрешни работи Митко Чавков.Според статистиката на МВР, во последно време зголемен е бројот на баратели на азил, со оглед на зголемениот број мигранти кои влегуваат на територија на Македонија, па така во 2009 година имало 88 барања за азил, а само во првите пет месеци од 2015 има повеќе од 500 барања за азил.„Следствено на тоа зголемен е број на напади и разбојништва извршени врз мигрантите, па така во прите пет пет месеци од оваа година забележани се 12 разбојништва, додека лани во целата година имало само осум“, рече Чавков.Според министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, разбојништвата се извршени на подрачје на Куманово, врз мигранти претежно од Сирија, на кои им биле одземени од 50 до 2.300 евра. До сега, информираше тој, расчистени се шест разбојништва.„Со новото решение се овозможува да се препознае намера на потенцијалните баратели на азил, на граничен премин, и во внатрешноста на земјата, пред полициски службеник да може да изрази желба за поднесување на барање за азил. Потоа ќе бидат упатени за 72 часа своето барање да го потврдат во Прифатниот центар за азил во Скопје. Тоа ќе значи дека во рака ќе имаат документ кој ќе им овозможи легално за 72 часа да ја напуштат земјава. На тој начин според министерот, ќе се добие и евиденција за лицата кои влегуваат во земјата“, рече Чавков.Тој дода дека иако Грција е членка на Европската унија замижува пред големиот број на мигранти. „Станува збор за гранична линија која е невозможно да се чува самостојно и затоа е потребна меѓусебна соработка која за жал во ова време не е на завидно ниво“, рече Чавков./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

