Македонија
Јанева: Судот не ни ги доставил и доказите кои не се класифицирани
Специјалното јавно обвинителство во четврток вложи жалба против решението на Основниот суд Скопје 1 со кое беше одбиено барањето на ова Обвинителство да им се достават копии на списи и електронски докази за случајот „Пуч“.
Од Обвинителството соопштуваат дека барале и докази кои воопшто не биле класифицирани, но Судот не им ги доставил иако Судот соопшти дека не може да доставува класифицирани докази и да ги фотокопира.„И овие докази Судот не ни ги доставил, туку во целост го одбил нашето барање, повикувајќи се на обврската за чување класифицирани информации, иако таква обврска за овие докази очигледно не постои“, соопштуваат од Специјалното обвинителство.Според Специјалното јавно обвинителство, со решението на Судот е направена повреда на одредбите на Законот за кривична постапка бидејќи решението било донесено надвор од главната расправа од страна на судечкиот совет, наместо да го донесе совет од тројца судии. „Во жалбата се повикуваме и на законските и подзаконските акти кои ја регулираат материјата за класифицираните информации и тоа Законот за класифицирани информации и Уредбата за административна безбедност на класифицирани информации, каде меѓу другото е предвидена можноста за репродукција и пренос на класифицираните информации за корисниците на класифицирани информации (јавните обвинители во ова Јавно обвинителство кои поседуваат безбедносни сертификати со степен на доверливост Државна тајна), кои прописи доколку Судот ги примени во никој случај нема да ја повреди обврската за чување на класифицирани информации“, додаваат од новото Обвинителство./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

