Македонија
Јанкулоска: Брза размена на информации за „странските терористички борци“
Покрај вклучување на сите земји на регионално и меѓународно ниво, потребно е вклучување и на невладиниот сектор, верските и религиозните заедници, како и сите останати организации и агенции кои се засегнати во борбата против “странските терористички борци”, рече во своето обраќање министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на состанокот „Размена на информации при справување со странските терористички борци” кој го отвори и водеше Државниот Секретар на САД, Џон Кери.
Министерката Јанкулоска посочи дека покрај тоа што во континуитет се следи и работи на спречување на лица да заминат во кризните подрачја како евентуални странски терористички борци, еден од начините за справување со оваа појава е и редовната и брза размена на информации меѓу експертите, преземањето заеднички акции, како и изнаоѓањето на ефективни средства и методи за превенција на сите екстремизми кои водат кон тероризам.Доцна синоќа, на првиот ден од “Самитот на Белата Куќа за борба против насилниот екстремизам”, кој се одржува во периодот од 18-20 февруари 2015 година во Вашингтон, САД, делегацијата од Министерството за внатрешни работи предводена од Јанкулоска, во просториите на Стејт Департментот оствари работна средба со Џим Волш, Заменик Асистент Секретар на Меѓународното Биро за наркотици и спроведување на законот и со Ричард Милер – Директор на ИЦИТАП програмата. На средбата беше дискутирано за досегашната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, реализирана преку овие програми, при што од двете страни беше констатирано дека истата се одвива континуирано, на високо ниво, при што беше посочено дека поддршката за МВР ќе продолжи и во иднина во областите кои се од особен интерес на министерството за внатрешни работи.Во текот на денешниот ден ќе се одржи централниот настан на Самитот на кој ќе учествуваат претставници на повеќе од 60 земји во светот. Предвидено е настанот да го отвори Претседателот на Соединетите Американски Држави Барак Обама, а во четвртата сесија министерката Јанкулоска ќе има свое обраќање на тема “Зацврстување на работата на полицијата во заедница и односот меѓу безбедносните служби и заедницата како елемент во спречувањето и борбата против ширење на насилен екстремизам”./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

