Македонија
Јолевски: АРМ е тука секогаш да помогне на оние на кои им е потребна помош
По повод Денови на Мајка Тереза Воениот Музеј на Република Македонија како дел од Министерството за одбрана организираше изложба на авторизираната копија од нобеловата диплома за мир на Мајка Тереза.
Истата беше изложена на неколку локации. Главниот дел од изложбата го отвори министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски во Домот на АРМ во Скопје.„Кога зборуваме за Мајка Тереза нејзиното мото беа трите големи зборови љубов, хуманост и мир. Армијата на Република Македонија дава голема почит на овие три зборови“ истакна министерот Јолевски на денешното отварање на изложбата во чест на Мајка Тереза. Тој рече дека Армијата на Република Македонија е гарант на мирот во нашата држава и дека преку учеството на припадниците на АРМ во мировните мисии низ светот таа ќе продолжи да придонесува кон светскиот мир. Јолевски порача дека кога станува збор за хуманост Армијата на Република Македонија и нејзините припадници секогаш ќе се тука за да им помогнат на тие кои им е најпотребно. Министерот додаде дека АРМ е тука за граѓаните на Република Македонија и дека нејзините припадници деноноќно помагаа во скопскиот и тетовскиот регион по полавите.Министерот Јолевски денес го посети и основното училиште за деца со посебни потреби „Иднина“ во Чаир. Посетата беше по повод на Денови на Мајка Тереза и во чест на нејзиното дело се донираше за децата кои учат во училиштето. Во склоп на посетата Јолевски засади и дрвце на иднината во дворот на училиштето.Авторизираната копија од нобеловата диплома за мир на Мајка Тереза беше изложена и во текот на вчерашниот ден во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје за време на настапот на Клапа „Свети Јурај“ од Хрватската воена морнарица. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

