Македонија
Јолевски: Квалитетен, стручен и правилен избор на кандидати за вршење на должност во специјалните единици на АРМ
Министерот за одбрана Зоран Јолевски, заедно со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, во понеделникот посетија неколку работни точки во Центарот за обука „Пепелиште“ и областа на АП Криволак каде што во рамките на Јавниот оглас за прием на професионални војници во АРМ се спроведува селективен курс за вклучување на професионални војници во Полкот за специјални операции на АРМ.
Селективниот курс се извршува врз основа на Правилникот за вршење на селекција на лица за професионални војници во специјални единици на АРМ во Центарот за обука „Пепелиште” и поширокиот реон на АП „Криволак”.
„Како што знаете овој процес го почнавме некаде кон крајот на јануари и сега сме во завршната фаза каде што најдобрите кои ќе го поминат овој селективен курс ќе ги примиме како професионални војници во Армијата на Република Македонија. Овој селективен курс е 24 дена и војниците кои ќе го завршат овој курс ќе ги примиме во специјалните единици на АРМ. Целта ми е од кога станав Министер, специјалните единици на Армијата на Република Македонија да ги подигнеме на уште повисоко ниво“, истакна министерот за одбрана, Зоран Јолевски.
Јолевски додаде дека еден од чекорите што се превземени е тоа што веќе два месеца 4 офицери и 4 подофицери од специјалните единици работат со питомците во Воената академија, а исто така и дека во план е наскоро да започне шест месечен курс за подофицери во Воената академија каде што значаен дел од подофицерите ќе бидат припадници на специјалните единици.
Министерот за одбрана порача дека дополнително ќе се формира една единица од офицери во MO и Генералштабот која што ќе се занимава со развојот на специјалните единици преку воспоставување на контакти со НАТО штабот во Брисел меѓутоа и со командата на специјални операции за Европа на САД, и истовремено ќе имаат задача да го зајакнат квалитетот и на останатите делови на Армијата.
Началникот на Генералштабот на Армијата на Репубика Македонија, генерал-потполковник Горанчо Котески, рече дека досега успешно се извршени трите фази на проверки и дека по завршувањето на четвртата фаза и вториот Јавен оглас за прием, а професионални војници очекува успешно докомплетирање на Армијата на Република Македонија.
„За овој конкурс се пријавија 1050 кандидати и селективниот курс има за цел да се изберат најдобрите. Јас сум задоволен. Остануваат уште 10 дена и сметам дека најуспешните кои ќе останат ќе бидат примени во Армијата“, истакна Котески.
Министерот Јолевски ја искористи можноста да се потсети на својата служба во специјалните единици за време на втората работна точка „Спуштање од мост“. Тој се спушти од мост од висина од 26 метри со специјална алпинистичка опрема.
На огласот објавен од страна на Министерството за Одбрана на Република Македонија за прием на професионални војници во АРМ се пријавија 1050 кандидати. Додека 355 кандидати доброволно се пријавија за прием во специјалните единици на Армијата на Република Македонија и повеќето со успех ја поминаа дополнителната проверка за пливање и одржување на вода што представува дополнителен предуслов за влез на селективниот курс.
Селективниот курс го започнаа 347 кандидати. После 14-тиот ден од 24 дневниот селективен курс, каде моментално се останати 190 кандидати, додека останатите не ги издржаа досегашните проверки и доброволно се откажаа од понатамошната селекција.
Доброволно откажаните кандидати се упатуваат дома и се приклучуваат кон групата на кандидати за прием во останатите единици на АРМ. На селективниот курс имаат земено учество кандидати од различна етничка и родова припадност. Има 14 припаднички на понежниот пол и 36 припадници од етничките заедници./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

