Македонија
Јолевски на средба со помошникот генерален секретар за мировни операции на ОН, Вејн
Учеството на Армијата на Република Македонија во мировните операции на ООН, со цел зачувување и унапредување на мирот и стабилноста во светот, Европа и пошироко било тема на разговор помеѓу министерот за одбрана, Зоран Јолевски и помошникот генерален секретар за мировни операции на Обединетите нации, Ел Гасим Вејн за време на нивната вчерашна средба во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.
„Придонесот на Република Македонија во мисиите предводени од Обединетите ации, посебно мисијата УНИФИЛ, претставува потврда за нашиот придонес кон светскиот мир и безбедност“, порача Јолевски за време на состанокот, соопштуваат од Министерството за одбрана.На средбата се разговарало и за општата безбедносна состојба во регионот на Југоисточна Европа и пошироко. „Република Македонија со учеството во зачувувањето и унапредувањето на принципите и правилата врз кои се базирани меѓународните закони е одговорен член на меѓународната заедница и активен учесник во напорите на светската организација за воспоставување на глобален мир, безбедност и просперитет“, истакнал Јолевски. Средбата во Њујорк е дел од посетата на Министерот Јолевски со делегација од Министерството на САД. Во текот на денешниот ден, министерот Јолевски ќе биде еден од говорниците на настанот организиран од сенаторот Џејмс Инхоф, на кој ќе говори и Џејмс Џефри, заменик советник за национална безбедност на поранешниот претседател Буш. На настанот ќе гостуваат повеќе од 50-тина лица вработени во Администрацијата, Сенатот и Конгресот и разни институти. Се очекува во текот на денот да се сретне и со поранешниот секретар за одбрана, Доналд Рамсфелд, како и со поранешниот заменик помошник секретар за одбранбена политика на Европа и НАТО, Даниел Фата. Воедно министерот Јолевски ќе се обрати на настанот организиран од страна на Германскиот Маршал Фонд на тема „Безбедноста и Мигрантската криза во Западен Балкан“./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

