Македонија
Јолевски: Новите професионални војници да работат чесно и посветено за татковината

Поминавте ригорозен процес на селекција и докажавте дека сте најдобри од најдобрите, имате силна волја, мотивација и желба да ја носите униформата на Армијата на Република Македонија, а таа униформа претставува гордост и престиж за секоја граѓанин на Македонија, им порача министерот за одбрана Зоран Јолевски на новопримените професионални војници во редовите на АРМ, на свеченоста во касарната „Илинден“.
Имајќи предвид дека клучот за успехот на секоја армија е високо обучениот, мотивиран и квалитетен воен персонал, ние долгорочно инвестираме во обуката и знаењата, рече Јолевски.
Тој додаде дека основата на која ќе се темели кариерата на професионалните војници е нивната подготвеност, енергија, амбиција и желба за успех.
Јолевски посочи дека главната цел е Армијата да остане да биде високо професионална, обучена и интероперативна, подготвена да го заштити територијалниот интегритет, независноста и суверенитетот на татковината.
Со приемот на 125 професионални војници во редовите на Армијата се заокружува првиот дел од процесот за прием на вкупно 250 професионални војници во АРМ. Конкурсот за втората група од 125 војници се очекува да се објави наскоро. Процесот на прием во рамките на Армијата на Република Македонија е транспарентен и се темели на исклучително ригорозна селекција, која оваа година за прв пат вклучуваше и 24-дневен селективен курс организиран и воден од припадниците на полкот за Специјални операции./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сара Пројковска придружен вокал на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани

Сара Пројковска придружен вокал на дуото „ДНК“ загина во пожарот во дискотеката во Кочани.
„Со длабока жалост и неверица ве известуваме дека нашата колешка, вонр.проф.м-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани.
Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика, лавица и добрица…“, велат од Факултетот за музичка уметност.
Македонија
Андреј Лазаров фудбалер на Шкупи го загуби животот во трагедијата во Кочани

Фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров e помеѓу загинатите во трагедијата во Кочани, а преку социјалните мрежи се прости и репрезентативецот Бојан Миовски.
Миовски на неговиот Инстаграм профил објави фотографија од Лазаров и додаде:
„Почивај во мир, брат мој“.
Како што информираат од фудбалскиот клуб Шкупи, Лазаров во дискотеката помагал на останатите присутни да се извлечат, на крајот се задушил во чадот.
„Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задуши од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент. Неговиот херојски чин засекогаш ќе остане во нашето сеќавање, како сведоштво за неговиот благороден карактер и неговото големо срце“, објавија од Шкупи.
Лазаров во кариерата настапуваше за Металург, Тиквеш и Работнички во Македонија, како и хрватските Рудеш и Горица.
Фудбалерот Андреј Лазаров кој имаше 25 години и беше помеѓу повредените во болницата во Штип го загубил животот.
Македонија
Почина Андреј од ДНК

Андреј Ѓоргиески, еден од членовите на дуото ДНК, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани.
„Голем човек, големо срце, голема загуба. Почивај во мир добро човече, баш на оваа песна ви пеев пратечки вокали. Пеј како што си знаеш ти најгласно, најубаво таму горе. Не сакам да верувам“, објави Антониа Гиговска, споделувајќи ја песната од ДНК „Ако утре ме нема“.
Андреј Ѓорѓиески е роден на 9 февруари 1982 во Скопје.