Македонија
Јолевски: Продолжуваат напорите за зголемување на стандардот на припадниците на АРМ
Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска ги обиколи позициите на Армијата на Република Македонија на јужната граница во делот на Гевгелија, каде воедно се вклучи и во 17. по ред акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.
Воедно, министерот Јолевски ги посети и сместувачките капацитети на Армијата во Богданци каде имаше и ручек со припадниците на АРМ.
„Денеска сум во посета на припадниците на Армијата кои даваат поддршка на полицијата во обезбедувањето на границата. Ние како Министерство и Влада го следиме развојот на состојбата со мигрантската криза, сето она што се случува во Европа, но и Грција и Турција, со цел соодветно да реагираме доколку се зголеми приливот на мигранти“, истакна министерот на караулата Гевгелија, локација која беше една од клучните во справувањето со мигрантската криза.
Министерот посочи дека во континуитет се реализираат средби со министри за одбрана, како и претставници на Високиот комесаријат за бегалци со што се следи состојбата. Ние имаме развиено стратегии и разни опции, додаде министерот, така што Македонија е безбедна.
Одговарајќи на новинарско прашање околу идните планови во однос на зголемувањето на стандардот на припадниците на АРМ, министерот Јолевски посочи дека тоа е континуирана цел на Министерството.
„Токму за припадниците на АРМ на јужната граница изнајмивме капацитет во Богданци, кој и целосно го реновиравме. Воедно продолжуваме со зголемување на стандардот на припадниците на АРМ со проектите како ’АРМ – мој вистински дом’, дневниците за ангажманот на границата редовно се исплаќаат, инвестираме во нивното образование и обука со што тие се стекнуваат со вештини и знаења кои ќе ги користат во иднина“, додаде министерот Јолевски.
Во однос на денешната акција за засадување, министерот Јолевски и градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов засадија дрвја, кои, како што рече министерот, претставуваат иднината на Република Македонија.
„Шумите се богатство за една држава и народ, тие влијаат на климата, земјоделството. Но, многу е важно што со една ваква прекрасна акција за која сум сигурен дека ќе продолжи и во иднина, ние создаваме нови навики и еден однос на младите лица кон шумите“, рече министерот.
Во текот на денешниот ден, на 60 локации низ Република Македонија ќе бидат засадени над 2,5 милиони садници. Во засадувањето, како и секоја година, активно се вклучуваат и припадници на Армијата на Република Македонија. Во досегашните акции пошумени се околу 13.000 хектари со над 35 милиони садници. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
30 домови во скопската општина Сарај се под вода по обилните дождови
Повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај се поплавени, теренските екипи интензивно интервенираат
Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во кризниот штаб се ангажирани Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, противпожарните единици од Тетово, Противпожарната бригада на Градот Скопје, екипи од Општина Ѓорче Петров, НПК Сарај, како и полициската единица Сарај.
„Искрено им се заблагодаруваме на сите институции и тимови за нивниот професионален, посветен и солиден ангажман во справувањето со оваа ситуација.
За време на состанокот беа дискутирани понатамошните чекори што треба да се преземат за целосно санирање на последиците, поддршка на погодените семејства и превентивни мерки за избегнување слични ситуации во иднина.
Надлежните институции и служби остануваат во целосна готовност и ќе продолжиме да ги информираме граѓаните за сите нови случувања“, објави Елмази.
Македонија
Во изминатите девет часа најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
Во изминатите девет часа, до 16 часот денеска најмногу дожд наврнал во Гевгелија – 23 литри на метар квадратен, потоа Штип – 16, Попова Шапка – 14 и Берово – 12 л/м2, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи – Скопје.
По 10 л/м2 наврнале во Крива Паланка и Виница, 8 во Ѓуриште, 6 во Маврови Анови и Лазарополе, 5 во Крушево, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Струмица и Пожаране, 3 во Битола, по 2 во Охрид, Велес, Кавадарци и Демир Капија и 1 л/м2 во Прилеп.
Од УХМР информираат дека на повеќе места низ земјава има интеракција на подземните и површинските води и појави на заезерувања од самите врнежи. До крајот на денот се очекува висок водостој на река Вардар, река Црна и на река Треска. На останатите помали реки се очекува постепена стагнација и намалување на водостојот во вечерните часови.
Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на планините во северозападните делови врнежите од дожд ќе преминуваа во врнежи од снег. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Управа за хидрометеоролошки работи, претходно околу 14:00 часот информира дека на хидролошката станица на река Вардар во Балин Дол е регистрирано намалување на водостојот на реката, но тој сеуште останува висок и постои опасност од излевање на реката во гостиварскиот регион, додека во наредните часови водниот бран ќе се движи низводно кон Полошката Котлина и Скопје, каде што се можни локални излевања и заезерувања во Полошката Котлина.
И во Скопје ce очекува висок водостој на реката Вардар, при што е зголемен и водостојот на реката Лепенец.
Поради зголемениот водостој на реките Кадина и Маркова, како и поради водите што не пристигнат од Горен Вардар, од УХМР информираат дека можни се локални заезерувања низводно од Скопје, на потегот околу селата Зелениково, Орешани и Таор.
Водостојот на реката Треска е во пораст и можни се излевања кај селата Пласница и Лисичани. Водостојот на реката Зајашка останува висок, со тенденција за благо намалуване во наредните часови.
Во сливот на реката Црна можни се заезерувања во Демирхисарскиот регион и Пелагониската Котлина.
Македонија
УХМР: Претпазливо движење покрај реките и суводолиците низ земјава
Според податоците од хидролошките станици низ земјава, останува висок водостојот на река Вардар во горниот дел од сливот со можност за заезерувања и локални излевања во Полошката Котлина, а регистриран е прилично висок водостој и на река Кумановска и река Треска, во чии сливови се можни локални излевања, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од УХМР, исти така, предупредуваат на претпазливо движење покрај реките и сууводолиците низ земјава.
-Регистриран е прилично висок водостој на река Кумановска и во нејзиниот слив се можни локални излевања на реките и суводолиците. Исто така, на река Треска останува исклучително висок водостојот и во нејзиниот слив се можни локални излевања, а надојдената вода е можно да претставува опасност и по столбовите на дел од Мостовските конструкции – информираат од УХМР.
На останатите водотеци на западот од земјата остануваат високи водостоите но се со тенденција на намалување. На истокот засега има помали зголемувања на водостоите на реките, иако беа забележани локални и изолирани појави на интензивни поројни врнежи во поедини делови.
-До крајот на денот се очекува да остане висок водостојот на река Вардар во горниот дел, а во текот на вечерта и за време на ноќта да има зголемување на водостојот низводно од Скопје (Јурумлери, Орешани, Зелениково, Таор) како и во Велес. Исто така и на река Треска се очекува да остане исклучително висок водостојот до крајот на денот и вечерта – информираат од УХМР.

