Македонија
Јолевски во САД побарал итен прием на Македонија во НАТО
Министерот за одбрана, Зоран Јолевски кој во вторникот имаше обраќање на тркалезна маса во Комитетот за вооружени сили во Сенатот на САД, учествувале во дискусија и имаше билатерални средби во САД, побарал итен прием на Македонија во НАТО, односно на Македонија да и се даде покана за членство во НАТО што поскоро.
На тркалезната маса на која говорници беа повеќе сенатори, конгресмени и претставници од Југоисточна Европа, како и сенаторот Меккејн. Соработката со САД е на високо ниво, Македонија заслужува итен прием во НАТО, се темите на средбите коишто продолжуваат на министерот Јолевски во САД при што се истакнува дека интеграцијата на земјите од регионот во НАТО и во Европската унија ќе придонесе за натамошно зајакнување на земјите од регионот и позитивно ќе влијае врз стабилноста и просперитетот на земјите од југоисточна Европа.Во Вашингтон министерот Јолевски остварил средба и со заменикот-помошник секретар за одбранбена политика на Европа и НАТО, Даниел Фата. За време на состанокот министерот Јолевски рекол дека членството на Македонија во НАТО ќе придонесе кон воспоставување и одржување на стабилна безбедносна клима во регионот и пошироко. Фата порачал дека Македонија и Армијата на Македонија со учеството во мировните мисии ИСАФ до 2015 година, а потоа и во „Одлучна поддршка“ се покажале како исклучителни поддржувачи на глобалните вредности за мир и демократија.За време на дискусија на тема „Безбедноста и мигрантската криза во западен Балкан“ организирана од страна на Германскиот Маршал Фонд министерот Јолевски имал свое обраќање, соопштуваат од Министерството за одбрана. „Кризата со мигрантите е заеднички предизвик на Европа и затоа има потреба да се зголеми соработката и координацијата помеѓу државите погодени од неа. Последните настани ја наметнаа неопходноста од поддршка, обединување, не само во ЕУ туку и пошироко“, истакнал министерот Јолевски. Јолевски порачал дека припадниците на Армијата се исклучителни во извршувањето на своите задачи и дека даваат се од себе во соработка со МВР, меѓународните и невладините организации на најхуман начин да го олеснат преминот на мигрантите преку јужната граница.Од страна на високи претставници на американската администрација била истакната подготвеноста да дадат поддршка на Македонија во справувањето со мигрантската криза. Во текот на дискусијата министерот Јолевски уште еднаш побарал што побрзо да и се даде покана на Република Македонија за членство во НАТО и да започнат преговорите за членство во Европската Унија. „Статус кво ситуацијата во интегративните процеси на Македонија е неодржлива“ изјавил Јолевски истакнувајќи притоа дека Македонија ги исполнила условите за членство во НАТО уште во 2008 година./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење
Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР.
„Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 50 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 585 прекршоци, а за нерегистрирани возила 16 прекршоци.
При тоа изречени се вкупно 58 забрани за управување на моторно возило“, соопшти МВР.
Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Македонија
Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари
„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице, поради основи на сомневање за наводна кражба на електрична енергија во деловен објект на улица „Бутелска“ во Скопје“, известуваат од Електродистрибуција.
„Констатирано е: противправно користење на електрична енергија преку неовластено приклучување на три нисконапонски кабли во самата трафостаница во сопственост на Електродистрибуција. Деловен објект, поранешен млин, користен за неовластено снабдување на системи со графички картички за копање биткоини“.
Електродистрибуција информира дека е поднесена пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР и дека е изготвена Фактура за надомест на штета во износ од 16 милиони денари.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.

