Македонија
Канческа – Милевска во суд, се очекува одлука дали ќе и се одземе пасошот
Министерката за култура Елизабета Канеска – Милевска и уште еден осомничен во случајот „Тендери“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО) се на распит во Основниот суд Скопје 1.
Како што објавуваат медиумите, Канческа – Милевска влегла во судот од задниот влез на судот што го користат вработените, во придружба на адвокатот Никола Додевски, кој е бранител и на поголем дел од осомничените функционери во истрагите што ги води СЈО. Во Судот е и обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи.Основниот суд треба да одлучи дали на Канческа – Милевска ќе и биде одземен пасошот, мерка на претпазливост што ја бара СЈО. Судот нема рок до кога треба да донесе одлука дали ќе го прифати барањето бидејќи не се бара притвор, туку мерки за претпазливост. Одлука може да биде донесена денеска или во понеделник.СЈО бара осомничените за коишто се бараат мерки за претпазливост да се јавуваат еднаш неделно, секој вторник во 10 часот кај определено службено лице во Основниот суд Скопје 1 Скопје.Освен тоа СЈО бара да им се одземе патната исправа поради постоење на околности кои упатуваат на опасност од бегство.Случајот „Тендери“ се однесува на изведување на градежни работи на Музејот за македонска борба и државност, од страна на градежното претпријатие „Бетон“, кое било фаворизирано, осомничена е Канческа – Милевска и тројца членови на Комисија за јавни набавки од министерството. СЈО ги товари дека го оштетиле буџетот за над еден милион евра.Пред да се објави оглас за услуги спротивно на принципите на конкуренција, пред да се донесе одлука за тоа првоосомичнената донела одлука кој да ја добие и да ја заврши работата.Сведок за овој случај е тогашен генерален директор на „Бетон“ Штип и вели дека добил можност да ги продолжи работите каде веќе работеле на други изведби, а да не се чека 20 дена за да се објави новиот оглас за новите градежни работи. Отпосле биле објавувани огласи, бил потпишуван договор, а „Бетон“ веќе ги изведувал работите.Договорено било во огласот да се предвидат услови што може само Бетон да ги исполни.Биле исплатени близу еден милион евра на сметка на „Бетон“, за изведба на овие градежни зафати, или 54.501.336 денари.Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, по објавата на истрагата изјави дека сите предмети се чисти како солза.Таа, на прес-конференција покажа документација, со која, смета дека докажала дека постапката за изведба на партерното уредување околу музејот, паркингот и гаражирањето и сообраќајниот пристап, кои се дел од договорот број 10, е транспарентна и навремена.„Сите проекти се согласно законите, и се одобрени за функција. Сите премети се чисти како солза. Ќе го поткрепам со аргументи со докази во однос на предметот кој беше кажан на прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство“, рече Канческа – Милевска./крај/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Владата на Заев и Филипче донела спорен правилник, подзаконскиот акт за канабис е во судир со законот, кој и колку профитирал од бизнисот со канабис“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Зоран Заев и Венко Филипче имале за цел Македонија да ја претворат во светска туристичка атракција за канабис. СДС на чело со Зоран Заев и Венко Филипче го злоупотребиле процесот за регулирање на медицинскиот канабис Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во 2020 година Заев и Филипче смислиле план за како енормно да заработат од бизнисот со марихуаната и сакаа целосно да ја легализираат но тоа не им помина. Затоа лиценците за одгледување на медицински канабис биле резервирани исклучиво за луѓе блиски до кланот Заеви и Филипче. Обичните граѓани и компании немале никаква шанса да добијат дозвола.
Поради фаворизирањето на тоа кој ќе добие лиценци, Струмичкиот регион се претвори во центар за производство на марихуана за медицински цели.
Доказ за тоа дека се било смислено однапред е подзаконскиот акт на правилникот за одгледување на канабис за медицински цели, донесен во време на СДС каде постои неусогласеност, затоа што се дозволува да се произведува цвет од канабис кој не ги задоволува ГМП нормите.
Производството на канабис кој не ги исполнува ГМП нормите го прави маслото од канабис нелегално за лиценцирање и промет.
Токму поради сето ова се отвора сомнеж за криминални мотиви. Со ваквиот начин на производство и складирање се отвора сомнеж дека канабисот бил за продажба на црниот пазар.
Зошто е направен подзаконски акт кој е во колизија со законот и со самото тоа овој процес е незаконски? Дали на Заев и Филипче целта им била продавање на канабис на црниот пазар? Дали Заев и Филипче ја туркале промената на правилникот?
Јавното обвинителство мора да интервенира итно. Граѓаните заслужуваат правда и одговорност за незаконското работење на овој картел.
Време е Заев и Филипче да одговорат пред законот и јавноста. Ниту еден привилегиран апликант, ниту еден нелегален процес, не смее да остане без казна“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

