Македонија
Канчевска-Милевска ги обвини СДСМ и СЈО за „политички театар“
Се прави политички театар од страна на најголемата опозицска партија СДСМ, кој го изведува спроведува Специјалното јавно обвинителство (СЈО) изјави за новинарите министерката за култура Елизабета Канчевска-Милевска откако во петокот во се на распит во Основниот суд Скопје 1 Скопје даде исказ пред судот во врска со постапката отворена од страна на СЈО во случајот „Тендери“ во која таа е првоосомничена.
Според сознанијата на медиумите Канческа-Милевска влегла во судот од задниот влез што го користат вработените, во придружба на адвокатот Никола Додевски, кој е бранител и на поголем дел од осомничените функционери во истрагите што ги води СЈО. Во Судот е и обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи.
Основниот суд треба да одлучи дали на Канческа – Милевска ќе и биде одземен пасошот, мерка на претпазливост што ја бара СЈО. Судот нема рок до кога треба да донесе одлука дали ќе го прифати барањето бидејќи не се бара притвор, туку мерки за претпазливост. Одлука може да биде донесена во петокот најдоцна до 16 часот, односно до крајот на работниот ден судот треба да соопшти дали донел одлука, или, пак, во понеделник, за одземање на пасошот на Милевска, како што бара СЈО, бидејќи изразува сомневање дека може да побегне. Судот, исто така, треба да каже дали министерката со судска одлука ќе мора секој вторник во 10 часот да се појавува во судот.
СЈО бара осомничените за коишто се бараат мерки за претпазливост да се јавуваат еднаш неделно, секој вторник во 10 часот кај определено службено лице во Основниот суд Скопје 1 Скопје.
Освен тоа СЈО бара да им се одземе патната исправа поради постоење на околности кои упатуваат на опасност од бегство.
Случајот „Тендери“ се однесува на изведување на градежни работи на Музејот за македонска борба и државност, од страна на градежното претпријатие „Бетон“, кое било фаворизирано, осомничена е Канческа – Милевска и тројца членови на Комисија за јавни набавки од министерството. СЈО ги товари дека го оштетиле буџетот за над еден милион евра.
Пред да се објави оглас за услуги спротивно на принципите на конкуренција, пред да се донесе одлука за тоа првоосомичнената донела одлука кој да ја добие и да ја заврши работата.
Сведок за овој случај е тогашен генерален директор на „Бетон“ Штип и вели дека добил можност да ги продолжи работите каде веќе работеле на други изведби, а да не се чека 20 дена за да се објави новиот оглас за новите градежни работи. Отпосле биле објавувани огласи, бил потпишуван договор, а „Бетон“ веќе ги изведувал работите.
Договорено било во огласот да се предвидат услови што може само Бетон да ги исполни.
Биле исплатени близу еден милион евра на сметка на „Бетон“, за изведба на овие градежни зафати, или 54.501.336 денари.
Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, по објавата на истрагата изјави дека сите предмети се чисти како солза.
Таа, на прес-конференција покажа документација, со која, смета дека докажала дека постапката за изведба на партерното уредување околу музејот, паркингот и гаражирањето и сообраќајниот пристап, кои се дел од договорот број 10, е транспарентна и навремена.
„Сите проекти се согласно законите, и се одобрени за функција. Сите премети се чисти како солза. Ќе го поткрепам со аргументи со докази во однос на предметот кој беше кажан на прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство“, рече Канческа – Милевска./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

