Македонија
Кандидатските листи за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се во ред, на СДПМ и на НДМ ќе се доработуваат
Државната изборна комисија, на седница во четврток, ги потврди кандидатските листи за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, а оние на СДПМ и на НДМ ги вратија на доработка поради утврдени неправилности.
ДИК им даде 48 часа на СДПМ и НДМ да ги отстранат пропустите во листите. Имено, листите на двете партии нема доволно жени, а во поднесените документите нема изјави од кандидатите заверени кај нотар дека ја прифаќаат кандидатурата, нема доказ дека не се осудени на казна затвор подолга од шест месеци. Недостасуваат и потврди од надлежен суд за регистрација на партијата, копии од лични карти. Во кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ не се констатирани неправилности и ДИК донесе решение со кое тие се потврдуваат. На седницата на ДИК; не присуствуваа членовите од СДСМ, но и членот од редовите на ДУИ, Субхи Јакупи. За разлика од него на седницата присуствуваше претставникот на ДПА, Бедредин Ибраими, иако и оваа партија нема да учествува на избори на 5 јуни.Присутните членови на ДИК не сакаат да дадат официјално објаснување околу тоа како ќе тече подготовката на избори во услови кога најголемата опозициска партија на нив не учествува, а нема и ниту една албанска партија. Членовите од ВМРО-ДМНЕ во холот на ДИК само кратко коментираа дека и овие избори се подготвуваат како и секои други и дека најскоро ќе почнат процедурите за јавни набавки.Претседателот Алексндар Чичаковски повторно не сакаше да даде изјава, а некои од неговите колеги експерти само искоментираа дека сѐ додека постои решение за организирање на избори тие мора по него да постапуваат, бидејќи во спротивно може кривично да одговараат, за што како што велат, предвидена е затворска казна од 10 години./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник
Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори не беше постигната потребната излезност.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Согласно Изборниот законик, за избор на градоначалник потребно е еден од кандидатите да добие мнозинство од гласовите на излезените гласачи.
Вчера гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.
Државната изборна комисија во текот на денот ќе информира за текот на гласањето и излезноста, а првичните резултати се очекуваат по доставувањето од општинските изборни комисии.
Македонија
Променливо облачно и студено време со повремен снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремени локални врнежи од снег во претпладневните часови. Попладне се очекува врнежите постепено да престанат.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од минус пет до два степена, додека дневните ќе достигнат од минус еден до пет степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус еден степен, а максималната ќе достигне околу три степени.
Според најавите од УХМР, од почетокот на следната седмица се очекува стабилизирање на времето. Под влијание на поле на висок воздушен притисок, ќе преовладува суво и студено време, а на одделни места утринските температури ќе се спуштат и под минус десет степени.
Македонија
ДИК: До 19:00 часот гласаа 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа
Државната изборна комисија информира дека до 19:00 часот денеска од вкупно 94 пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи, гласале 45 лица. Од вкупно пријавените 248 болни или немоќни лица за гласање во четирите општини, Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа до 19:00 часот правото на глас го оствариле вкупно 242 лица. Две лица гласале во Центар Жупа, 66 болни или немоќни гласале во Маврово – Ростуше, 31 лице во Врапчиште и 143 лица во Гостивар.
Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности, велат од ДИК.
ДИК известува дека резултатите од гласањето на болните, немоќните и лицата кои се на издржување казна затвор, не се објавуваат денеска посебно.
„Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвораат денеска. Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре по 19:00 часот, за секое избирачко место и секоја општина каде што се гласа“, стои во соопштението на Државната изборна комисија.

