Македонија
Казнети 30 полицајци

Триесет полициски службеници се санкционирани во текот на изминатава недела, соопшти во понеделник Министерството за внатрешни работи.
Полицајците се казнети поради сторени повреди во работењето. Притоа, на 26 вработени им е изречена мерка „парична казна“ на тројца вработени мерка „степен пониско“ и на еден вработен мерка „отказ”.
Парични казни им се одредени на полицајци кои ја вршеле службата под дејство на алкохол, оштетиле моторни санки за снег, продолжувале и издавале дозоволи за привремен престој на странци без соодветна документација, спиеле на работно место и одбиле наредба од непосреден старешина, не го одржувале чисто и подмачкано формациското оружје, се оддалечиле од објектот што го обезбедувале, употребиле физичка сила врз лице, го нарушувале јавниот ред и мир, заспале во службеното возило.
Еден полицаец е отпуштен од работа затоа што не дошол на работа три последователни денови.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Времето денеска променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд.
Според информациите од УХМР, ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец над 70 километри на час.
Минималните температури ќе се движат од 2 до 8, а максималните од 10 до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура во главниот град ќе биде 6, а максималната 18 степени.
Македонија
Обвинителството бара да се продолжи притворот на осомничените за пожарот во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани побара од Судот да се продолжи притворот за сите осомничени во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март, а во кој загинаа 61 лице, а повеќе од 100 се повредени. За тројца од осомничените, Обвинителството бара мерката притвор да се замени со куќен притвор.
„Во текот на денешниот ден до Основниот суд Кочани достави предлози за продолжување на мерките за обезбедување – притвор и куќен притвор за сите осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека. Само за тројца осомничени, согласно фазата на обезбедување докази и исполнетоста на законските основи се предлага замена за мерката притвор во куќен притвор. Тоа се двајца осомничени од Државниот пазарен инспекторат и еден припадник на обезбедувањето на дискотеката“, соопштија од Обвинителството.
Од таму додаваат дека продолжуваат истражните дејствија во повеќе правци и во неколку институции со цел испитување на евентуална одговорност, за што јавноста ќе биде известена веднаш по донесувањето на соодветна јавнообвинителска одлука.
Македонија
Во недела посебен сообраќаен режим во Скопје

СВР Скопје известува дека 13.04.2025 (недела) со почеток во 10.00 часот, поради одржување на улична трка, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
Трасата на движење ќе започне од бул.„Илинден“ пред фонтана Лотус (старт и цел) право долж бул.„Илинден“ до крстосница со бул.„8-ми Септември“ каде се врти полукружно назад по бул.„Илинден“ до целта фонтана Лотус, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.