Македонија
Ќе им се одзема оружјето на лицата кои биле пријавувани за насилство
Владата ќе ги разгледува можностите за нова законска нормативна-регулатива во институциите, со која ќе им се одзема оружјето на службените лица кои имаат допир со оружје ако биле пријавени за насилство.
Оваа мерка на Владата следува откако беа извршени две тројни убиства во Македонија за еден месец, а убијците претходно биле пријавувани за семејно насилство.„Оние службени лица коишто во извршувањето на своите службени задачи по сила на закон имаат допир со оружје, доколку евентуално би биле пријавени дека се сомничат за сторување на определено дело кое во себе содржи елемент на насилство, во соодветна процедура да биде ограничена можноста за нивен допир со оружјето коешто службено го поседуваат и го употребуваат во вршење на своите службени задачи“, изјави во средата владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.Формирана е посебна работна група со претставници од МВР, МО, МТСП, МЗШВ и останати институции кои во рок од една недела треба да изготват информација и да ја известат Владата околу можностите за креирање на нова законска нормативна-регулатива во институциите каде таа не постои и квалитативно унапредување во оние каде што постои.Во информацијата, како што појасни, Ѓорѓиев , треба да бидат разработени сите детали и модалитети за тоа кои законски акти би требало да бидат променети, надополнети, квалитативно засилени, како и кои подзаконски акти би требало да бидат разработени.„Треба да се предвиди и соодветната постапка во определени ситуации како би дошло до ограничување до пристапот на оружје на едно службено лице кое што би се сомничело за сторување на дело кое вклучува елемент на насилство“, истакна Ѓорѓиев.Тој додаде дека информацијата ќе биде разгледана на следната владина седница и врз основа на добиените материјали Владата ќе излезе и со конкретни правци на решенија коишто ќе бидат донесени се со цел да се отиде чекор понапред во превенирање на ситуации каде што може да се изврши насилство со употреба на оружје од страна на службено лице.Осомничениот за убиството во Кавадарци, кој порано бил припадник на резервниот состав на безбедносните сили во текот на конфликтот од 2011 година, убиствата ги изврши со оружје кое го поседувал со дозвола, а другиот убиец, кој бил професионален војник, ги застрела жртвите со службен „калашников“./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.
Македонија
Бугарија го ратификуваше договорот за тунелот на Коридор 8 – отворање на нова железничка врска Скопје-Софија
Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил.
„Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.
Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание.
Со ова се исполнети сите услови за доиадбзгра на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.
Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6ти Ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери.
Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани.
Продолжуваме да работиме“, напиша Николоски.

