Македонија
Ќе се формира анкетна и за „Фабриката за фалсификувани лични документи“
Пратениците одлучија да се формира нова Анкетна комисија што ќе се занимава со расчистување на скандалот за фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи.
По претходно упатено барање на Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, новата Анкетна комисија да биде ставена на дневен ред на 86-тата пленарна седница, пратениците позитивно се изјаснија и ја донесоа одлуката за формирање на нова Анкетна комијата која ќе го расчистува скандалот со фалсификвуање на лични карти, пасоши, афери и други документи.Освен опозициската СДСМ која што гласаше против формирање на новата Анкетна комисија, сите останати пратенички групи сметаа дека формирањето на ваква комисија е повеќе од неопхдно за да се расчисти и разреши овој голем скандал, со единствена цел во Република Македонија да се одржат чисти избори на 24 април 2016 година.„Имаме обврска по член 17, член 18 и член 25 од Уставот на Република Македонија да им гарантираме на граѓаните слобода и тајност на писмата и другите видови на облици на општење, да им гарантираме тајност на личните податоци, но и да им гарантираме почитување и заштита на приватноста на личниот и семеен живот. Предлагам оваа точка да биде ставена денеска на дневен ред за да се донесе одлуката за формирање на оваа Анкетна комисија. Дополнително, би сакал да потенцирам дека оваа Анектна комисија ќе има обврска да обезбеди чисти услови за одржување на предвремените парламентарни избори на 24 април 2016 година“, рече Илија Димовски на денешната 86-та пленарна седница.Новоформираната Анкетна комисија ќе се занимава со расчистување на скандалот за фабриката во кои беа пронајдени над 120 илјади украдени идентитети на граѓани, над 70 илјади прислушкувани разговори, како и фалсификувани пасоши како од Македонија, така и од Бугарија и од Турција./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Викендов променливо облачно време, на повисоките места слаб снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Во недела во утринските часови на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Од понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла со пониска дневна температура.
фото: епа
Македонија
Во мусаката од првата смена пронајдени бактерии, истите откриени и на чешмите во училиштето „Димо Хаџи Димов“
По стомачните тегоби кај десетици ученици во „Димо Хаџи Димов“, инспекциите утврдија нехигиена на чешмите во училниците и кујната. На Клиниката за детски болести моментално се лекуваат седум деца.
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) соопшти дека во примерок од мусаката која се служела во првата смена биле пронајдени грам-негативни бактерии од групата Enterobacteriaceae. Исти бактерии, кои се индикатор на фекална контаминација, и предизвикуваат дијареа, повраќање, болки во стомакот, се откриени и на три чешми во училиштето – две во училниците и една во кујната.
„Од девет земени површини, три се позитивни – чешмите во две одделенија и една од кујната. Најдени се бактерии од групата Enterobacteriaceae. Овие бактерии даваат ваква клиничка слика каква што имаат веќе заболените, и укажуваат на нехигиена. Донесени се материјали за две деца од фецес, е едно е позитивно на норовирус – вирус кој се пренесува многу лесно и долго време живее на работните површини, како што се маси, столчиња. Брисевите од грло и нос од пет деца во текот на вчерапниот ден се негативни за ковид, а се чекаат резултати за други вируси“, изјави директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска.
Од Институтот додаваат дека бројот на примероци и материјали е голем и дека анализите се во тек. ИЈЗ е во постојана координација со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Центарот за јавно здравје Скопје и Клиниката за детски болести.
Случајот започна на 26 ноември, кога околу 40 ученици се пожалија на стомачни болки. ЈП „Водовод и канализација“ претходно информираше дека водата во училиштето е санитарно исправна по направените физичко-хемиски и микробиолошки анализи.
Во меѓувреме, инспектори од АХВ спроведоа вонредни контроли во кујните на девет основни училишта во Општина Карпош, кои се снабдуваат од истиот оператор со храна, кој го стопанисува и централниот магацин во „Димо Хаџи Димов“.
Македонија
(Видео) Не тргнувајте кон Бит Пазар и Чаир: прославата на албанското знаме направи хаос во сообраќајот
Поради прославата на Денот на албанското знаме, сообраќајот во Чаир попладнево е силно отежнат, а делови од улиците кон Бит Пазар речиси се непроодни. Според граѓани кои се затекнале во областа, движењето е овозможено само во лентата резервирана за дефилето, додека останатите ленти и околни улици се блокирани со возила, што предизвикува застои и невозможност за движење.
Колоните што се движат со полициска придружба тргнуваат од пред Општина Чаир кон плоштадот Скендер-бег.
Денес, Денот на албанското знаме се одбележува во Албанија, како и меѓу Албанците во регионот и дијаспората. Празникот се слави како симбол на културна самосвест и национална припадност, со официјални манифестации.

