Македонија
Ќе се испитува дали некој од тимот што ја пораѓал жената во Гевгелија бил пијан

Комисија за стручен надзор го испитува породувањето на триесет и двегодишната жена од Дојран која во четвртокот вечерта почина заедно со нејзиното новороденче во гевгелиската болница.
Министерството било известено дека синоќа во тек на изведување царски рез настапила смрт кај родилка и нејзиниот плод. За жал реанимацијата на мајката и плодот биле неуспешни. Во текот на породувањето, покрај гинеколози биле присутни и анестезиолози, неонатолози и интернисти.
Од страна на директорот на болницата била повикана полиција и е известено јавно обвинителство. Телата се предадени на обдукција во Судска медицина. Земени се изјави од сите лекари согласно законските прописи, а од двајцата гинеколози и анестезиолози е земена и крв за утврдување присуство на алкохол и недозволени супстанци.
„Министерството за здравство ги презема сите потребни мерки за испитување на причините кои во текот на вчерашниот ден довеле до смртен исход на родилка и нејзиниот плод во Општа болница Гевгелија. По добивање на резултатите од обдукцијата,како и стручниот надзор ќе бидат преземени соодветни мерки, во согласност со законската регулатива. Воедно, Министерството изразува сочувство до семејството за трагичниот настан и за загубата на два живота“, соопштуваат од Министерството.
Порталот „Здравство24“ пишува дека анестезиологот кој бил во операционата сала наводно бил во под дејство на алкохол./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)