Македонија
Ким Мехмети: Албанската амбасада во Скопје, најдоверлив огранок на ДУИ

Публицистот Ким Мехмети упати во понеделникот остри критики на адреса на амбасада на Албанија во Македонија, за, како што рече, пасивноста во однос на актуелните состојби во Македонија.
Мехмети, исто така, ја изнесе и оцената дека албанската амбасада е блиска до владејачката Демократска унија за интеграција (ДУИ) на Али Ахмети, опишувајќи ја како „најдоверливиот огранок на ДУИ“.
„Не треба да се сомневаме дека официјална Тирана е таа која одлучува и знае како да ги заштитува интересите на Албанците надвор од татковината, но од она што се гледа однадвор се гледа, остава впечаток дека таа албанската амбасада во Скопје, освен тоа што што ги вработува блиските на ‘големите’ во Тирана, исто така, во голем дел претставува огранок на партијата на власт на Албанците – ДУИ“, пишува на Facebook пренесува скопската телевиизја на албански јазик Шења.
„Така се чини дека интересите на Албанците во Македонија почнуваат и завршуваат во седиштето на партијата!“, додава Мехмети./крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Каролина Гочева: „Со скршено срце се збогуваме со нашите пријатели, занемени од болка“

„Со скршено срце се збогуваме со нашите пријатели, колеги Андреј, Сара, Ѓорѓи, Александар Коларов, Александар Ефремов, Филип, Игор….“, напиша македонската пејачка Каролина Гочева на социјалните мрежи.
„Ќе продолжат да живеат во секоја песна и секое срце кое го имаат допрено преку нивната работа. Занемени сме од болка!
Најдлабоко сочуство до нивните семејства и најблиски!“, напиша Каролина Гочева.
Македонија
„Ништо помалку не очекував од тебе, познавајќи ја твојата човечност…“: Калиопи потресно се прости од Андреј

Популарната македонска пејачка Калиопи со потресни зборови се прости од Андреј Ѓорѓиески, член на бендот „ДНК“, кој трагично загина во пожарот во дискотека во Кочани.
Пејачката се осврна на неговиот херојски чин, кога, според сведоштвата, Андреј се вратил во дискотеката за да ги спаси децата по катастрофалниот пожар кој брзо се проширил.
„Андреј…срцево ми се кине на сто парчиња…а душава ПАРАМПАРЧЕ…
Твојата милост и убавина не изостанаа ни во последните мигови пред заминеш засекогаш, спасувајќи други животи…
Ништо помалку не очекував од тебе, познавајќи ја твојата чоечност…
Но, не мораше вака…И ова не смее да е крај…чувствувам тага и бес… не смееше да е вака…
Ќе те чувам заедно со нашите спомени, мило дете…“, напиша таа.
Македонија
Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен, а во источните од северен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 20л/м2), грмежи и силен ветер (над 60км/ч.). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и силен ветер, особено во вечерните и ноќните часови. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во текот на ноќта кон вторник и во вторник претпладне врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, при што ќе се формира нова снежна покривка (2-10см). Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула.