Македонија
Кирацовски и Елези во мисија за фер, регуларни избори
Подготвеност за овозможување услови претстојните предвремени парламентарни избори на 11-ти декември да поминат во фер, регуларна и демократска атмосфера, изразија во вторник дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски и министерот за локална самоуправа, Ширет Елези.
„На средбата се дискутираше за предизвиците поврзани со можните притисоци врз вработените од јавниот сектор во пресрет на парламентарните избори закажани за декември оваа година, како и за начините истите да бидат навреме пресретнати и спречени. Двајцата министри ја изразија својата заложба и подготвеност во рамката на законските овластувања да го дадат својот придонес парламентарните избори да поминат во фер, регуларна и демократска атмосфера, односно отстранување на сите можни притисоци и злоупотреби на администрацијата“, соопштија од министерството за .информатичко општестви и јавна администрација.Било отворено и прашањето за моделот на оценување на администрацијата, ставајќи акцент на нелогичното казнување, при што обострано беа потенцирани забелешките, идеите и предлозите, се со цел овозможување на услови за департизирана и професионална администрација во Република Македонија, во интерес на сите граѓани. Претходно, дополнителниот заменик-министер, рече дека сите заедно мора да направиме се’ предвремените парламентарни избори закажани за 11-ти декември да го отсликаат реалното расположение на граѓаните.„Мојата заложба за оваа цел не е само декларативна, туку и реална. Од денес, заедно со мојот тим на терен ја продолжуваме мисијата за мотивирање на вработените во Јавниот сектор, да ги пријавуваат сите неправилности и нерегуларности, закани и уцени, под слоганот „Пријави притисок за фер избори“! Целта е охрабрување на вработените да не подлегнуваат под никакви закани, уцени и притисоци. Има кој да се заложи за нив, има кој да ги заштити. Истовремено целта е и да се обесхрабрат сите функционери од ВМРО-ДПМНЕ да вршат притисок врз вработените“, рече Кирацовски.Најави дека од вторник ќе почне со посети на институциите за кои постојат претставки испратени до веб-страната што ја отвори за пријавување притисоци. „Ќе им порачам на шефовите и раководителите поставени како кадри на ВМРО-ДПМНЕ, кои Груевски и фамилијата ќе се обидат да ги користат за нивни лични цели, да внимаваат и да не дозволат да станат инструмент во рацете на криминалната власт“, додаде Кирацовски./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

