Македонија
Кирацовски поднесе пријави за раководни лица што ги терале вработените да одат на митинзи
Раководни лица од повеќе институции, се пријавени во полиција, дека ја злоупотребиле службената положба со тоа што на вработените им наложувале да одат на партиск митинзи, собири и контра протести.
„Денеска лично до министерот за внатрешни работи ја поднесувам документација што ја добив од вработени во администрацијата преку Веб страницата што ја отворив за пријавување злоупотреби во предизборниот период. Овие документи содржат јасни индиции дека раководни кадри во институциите за партиско- политички цели ја злоупотребиле службената положба со тоа што влијаеле врз вработени во администрацијата да бидат гласачи на партијата на власт, да одат на партиски митинзи, протести, контра протести и слично“, рече Александар Кирацовски, дополнителен заменик-мионистер за информатичко општество и јавна администрација..
Смета дека станува збор за сериозни индиции за сторени кривични дела и очекува МВР ефикасно да ги процесира.
Кирацовски, во четврток, оствари средба и со претставници на Синдикатот на македонската дипломатска служба, со кои разговарале за кариерната и образовната дискриминација, со којашто се соочени голем број вработени во администрацијата.
„Вакви проблеми има скоро во секој орган на државната и локалната власт како и во останатите институции. Јас тука би го додал и казненото оценување што оваа власт го воведе и за што искуството покажува дека недозволиво се користи за политички притисоци врз администрација“, додаде Кирацовски./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

