Македонија
Кирацовски се закани и со кривични за претпоставените кои ги заплашуваат вработените
Пријави до трудовата и управната инспекција, како и до полицијата поднесува дополнителниот заменик министер за јавна администрација и информатичко општество Александар Кирацовски, откако до него стигнале пријави од вработени во јавниот сектор за политичките влијанија, заплашувањата и притисоците што претпоставените им ги прават на вработените пред избори.
„Сакам да ве информирам за досегашните резултати од акцијата „Пријави притисок за фер избори“, што ја почнав за заштита на администрацијата од предизборни злоупотреби. На отворената Веб страница до мене пристигнаа пријави од вработени со сериозни информации за политички влијанија, притисоци, заплашувања. Главно се правени од нивни претпоставени, како што е познато, поставени од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Кирацовски.
Тој рече дека дека никој нема право да го нарушува мирот на вработените во администрацијата и нивното право професионално да си ги извршуваат работните обврски во интерес на граѓаните.
„Се реализираат повеќе директни средби со одговорните лица во повеќе институции на кои што укажувам на нивните обврски, да овозможат професионални услови за работа. Има институции кои не одговорија на моето барање за средба со раководителите. За некои од нив имам индиции дека ги злоупотребуваат своите функции за политички цели. Таму планирам да појдам лично, со претходна најава и да укажам на сомнежите што ги имам и на последиците доколку веднаш не престане таквото однесување“, додаде Кирацовски.
Најави дека до сите други институции по пошта ќе испрати писма. „Тоа се овие, над 1.000 писма што ги праќам, со соодветен допис, летоци и постер во кои што конкретно се наведени правата и обврските на вработените во администрацијата. Секој да знае дека може да биде заштитен!“ /крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

