Контакт

Македонија

Клековски ги посети пациентите со трансплантиран бубрег: Благодарност до дарителите и нивните семејства

Објавено пред

Министерот за здравство Сашо Клековски, денеска на Универзитетската клиника за урологија ги посети пациентите на кои неодамна им беше трансплантиран бубрег, двајца од починат дарител и трет од жив дарител.

При посетата, министерот Клековски беше придружуван од националната координаторка за трансплантација проф. д-р Билјана Кузмановска, директорот на Универзитетската клиника за урологија д-р Башким Шабани и директорот на Универзитетската клиника за нефрологија д-р Никола Ѓорѓиевски.

„Најголемата благодарност му ја должиме на семејството на починатиот дарител. Во најтешкиот момент, тие донесоа одлука која на двајца наши сограѓани им враќа живот без дијализа. Тоа е чин на исклучителна хуманост, за кој нема доволно зборови. Благодарност и до живот дарител, кој дел од себе им подари на своите најблиски“, изјави министерот Клековски.

Министерот изрази благодарност и до медицинските тимови од Клиниката за урологија и Клиниката за нефрологија, како и до сите вклучени во процесот на координација на дарувањето.

Со овие три трансплантации, годинава на Универзитетската клиника за урологија се изведени вкупно 15 трансплантации на бубрег, во споредба со 11 во цела 2025 година. До крајот на годинава се планирани уште три трансплантации од жив дарител.

„Секоја трансплантација е резултат на доверба, тимска работа и посветеност. Продолжуваме да ја зајакнуваме мрежата за трансплантација и да ја поттикнуваме свесноста за дарување органи, бидејќи многу пациенти сè уште чекаат на својата шанса“, додаде Клековски.

Министерството за здравство ги повикува граѓаните да разговараат со своите најблиски за дарувањето органи, бидејќи, како што велат, изразената волја им ја олеснува одлуката на семејствата во тешките моменти.

Најново

Економија36 минути

Ѓорѓиевски на појадок со стопанствениците од „Борис Трајковски“: Договорот за експропријација го отвори патот за довршување на булеварот

На иницијатива на Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска се одржа заеднички појадок со стопанствениците долж булеварот „Борис Трајковски“....

Македонија42 минути

Мисајловски по повод свечената заклетва на 30. класа питомци на Воената академија: Бидете тим, почитувајте се меѓусебно и никогаш не заборавајте дека силата на Армијата не е само во способностите на поединецот, туку и во единството и довербата меѓу нејзините припадници

„Денеска е еден од оние денови кои што се паметат цел живот. Ден кога со гордост, пред сите нас, пред...

Свет1 час

Европскиот парламент изгласа тригодишно одложување на построгите правила за увоз на нафта и гас

Европскиот парламент изгласа тригодишно одложување на примената на правилата за емисии на метан при увоз на нафта и гас. Одлуката...

Свет1 час

Макрон: Ќе ги забраниме нелегитимните протести низ Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон најави забрана на протестите што властите ги сметаат за нелегитимни, по минатонеделните немири, насилство и грабежи...

Македонија1 час

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради атлетска трка

Утре, 23 октомври, ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во Скопје поради атлетска трка, информира МВР. Со почеток во...

Македонија1 час

Седум возачи уапсени, меѓу нив и тројца малолетници – возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода седум возачи, а со еден...

Црна хроника1 час

Кривична пријава против двајца вработени во Итната помош во Тетово, не испратиле екипа кај повредено лице

Кривична пријава е поднесена против двајца вработени во Итната медицинска помош во Тетово, осомничени дека не испратиле екипа за да...

Топ1 час

Трагедија кај Пехчево: 66-годишен маж загина откако со трактор излета од патот

Шеесет и шестгодишен маж од пехчевското село Црник загинал откако со трактор со приколка излетал од патот во атарот на...

Црна хроника2 часа

Тротинет удрил во 71-годишна жена во Скопје, возачот избегал

Седумдесет и едногодишна жена е тешко повредена откако во неа удрил електричен тротинет на крстосницата на улиците Борис Трајковски и...